Откако ја „обвинија“ дека ја копира Бресквица: Ураганката Сања повторно ја смени бојата на косата

Откако ја „обвинија“ дека ја копира Бресквица: Ураганката Сања повторно ја смени бојата на косата

Објавена во: Мода // Moj стил

Сања на својот Инстаграм профил објави нова фотографија и ги воодушеви своите следбеници.

Пејачката Сања Вучиќ, членка на групата „Ураган“, неодамна го смени имиџот, но таа промена не ја задржа долго.

Пред краток период Сања ги офарба предните делови од косата во светло црвена боја, додека остатокот од нејзината коса остана црна, но тоа многумина го коментираа негативно.

Имено, пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица долг период ја носеше таа фризура, пред да се офарба целосно во црвено, и затоа многумина коментираа како Сања ја ископирала Бресквица.

Сега, Сања објави нова фотографија на својот Инстаграм профил, информирајќи ги своите следбеници дека „се враќа на старото“.

- Назад во црно - кратко напиша Сања на споменатата социјална мрежа.

Пејачката очигледно се чувствува подобро со старата боја на коса, а како изгледа сега, погледнете:


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: