Откако Ким Кардашијан ја ископира Лепа Брена: Таа ѝ испрати порака која слатко ќе ве насмее
Само технологијата сè уште може да нè изненади, сè друго е веќе видено, изјави познатата пејачка Лепа Брена откако Ким ја ископира.
Модата постојано се враќа, па на сцената се враќа и облека од пред 20, 30 години.
Лепа Брена проговори и за тоа дека денес сè може лесно да се копира, како и за тоа дека веќе се видени многу модни комбинации.
Имено, таа го искоментира фактот што светски познатата старлета Ким Кардашијан наводно ја ископирала и со тоа ја најавила новата колекција на костими за капење на нејзиниот бренд SKIMS.
Кројот е во стилот на 80-тите, а на фотографијата која ја објави изгледа исто како Брена пред четири децении. Станува збор за ретро модели кои изгледаат неверојатно слично на оние што ги носеше пејачката на почетокот на кариерата.
Ким носеше и сина сенка за очи, а Брена така се шминкаше пред мноогу години. Таа има и перика каква што фризура имаше и Брена, што може да се види во спотот за песната „Робиња“.
- Што и да се појави, веќе е видено, дали се работи за мода, за естрадни ликови... Тоа што е создадено од 60-тите до 90-тите се епохални работи. Само технологијата сè уште може да нè изненади, сè друго е веќе видено, но мило ми е што Ким сепак знае што е добро – изјави Брена за Курир.
извор:GLOSSY