Откри како ја одржува линијата: Дали би издржале да се храните како Кајли Џенер?
Кајли Џенер не е толку слаба како нејзината сестра Кендал, но судејќи по тоа како се храни, се прашуваме колку од нас би издржале таков режим. Кајли по своето мени, објави и видео на ТикТок во кое покажува што јаде во текот на еден свој вообичаен ден.
„Што јадам во текот на денот?“ - стави во описот на видеото кое го следи „Goosebumps“, песната на нејзиниот поранешен партнер, Травис Скот. За појадок, Кајли конзумира комбинација од јогурт и гранули, а на тоа додава боровинки, малини и листови нане. На сетоа тоа, таа во една шолја има и пенес зелен напиток, што веројатно е некој вид на чај. Помеѓу оброците, Кајли се освежува со помош на кокосова вода, но во прашање не е флаширан напиток, туку природен сок.
@kyliejenner what i eat in a day
need to know x goosebumps longer version DJ Lilli - DJ Lilli
Нејзиниот ручек е лесен, со богата салата од зеленчук. И за време на попладнето, Кајли јаде само здрави работи, од црвено грозје до вода со лимон со неколку капки засилувач на вкусот.
На крај, за вечера има мала порција тестенини со сирење, четири аспарагуси на скара и уште една лесна салата. Конечно, дури на крајот доаѓа нешто убаво и нездраво, а во прашање се колачиња со чоколадо, кои навистина добро изгледаат. Конечниот заклучот е дека Кајли постојано нешто јаде, но како што гледаме, во прашање се неверојатно здрави продукти, кои дури и не се толку егзотични како што ни изгледаше.