Откриен датумот на венчавката на годината: Џастин и Хајли пред олтар следниот месец!
Иако Хајли и Џастин се во брак од средината на септември минатата година, тие своите завети пред Бога ќе ги разменат наскоро. Според нивните објави на социјалните мрежи тие навестуваа дека бракот ќе им биде легититимен само ако е пред Бога, па токму затоа и им се брза да застанат пред олтар, а неодамна протече и информација за дадумот на најисчекуваната венчавка.
Извори блиски на двојката открија дека судбоносното „ДА“ Џастин и Халји ќе го кажат на 28 февруари на засега непозната локација.
Откриено е и дека веќе наголемо се подготвуваат венчавката и забавата, а танчерите ги вежбаат и кореографиите. Како информација потврдено е дека личниот диџеј на Бибер, Тај Џејмс ќе биде задолжен за музиката.
Магазинот Seventeen пишува дека венчавката ќе биде многу мала, во кругот на семејството и пријателите. Се зборува и дека можно е да настапи Шон Мендез, дека сестрата на Халји ќе биде деверица, a сестрата на Џастин би ги носела бурмите. Исто така гласините одат и дотаму па се шпекулира и околу изглдот на Хајли за кој се претпоставува дека ќе биде природен, но и за тоа дека Џастин нема да објави нова песна додека не заврши венчавката. Но тоа не значи де „белиберите“ имаат причина да бидат незадоволни бидејќи новиот албум на Бибер сигурно ќе биде објавен во 2019 година, tоа неодамна го потбрди и неговиот менаџер.