Откриена големата тајна на „Титаник“: Леонардо ди Каприо не сакал да ја каже култната реченица во филмот!

Откриена големата тајна на „Титаник“: Леонардо ди Каприо не сакал да ја каже култната реченица во филмот!

Објавена во: Stars // Филм

Реченицата која стана култна и една од најпознатите фрази од легендарниот филм „Титаник“, при снимањето на филмот била и една од најспорните реченици особено за Леонардо ди Каприо.

Иако денес „Титаник“ е еден од најпознатите филмови на сите времиња, сè уште на површина излегува по некоја информација за филмот која никогаш порано не сме ја слушнале. Неодамна се откри дека Леонардо ди Каприо, кој во филмот го глуми Џек, одбивал да ја изговори култната реченица 'I'm the king of the world!'

Оваа реченица во филмот ја изговара додка се наоѓа на палубата на бродот – односно не ја изговара туку ја извикува. Тој иако одбивал да ја извика, режисерот Џејмс Камерон, му наредил, па на крајот морал да се сложи, пишува магазинот Marie Claire.

Кога Лео започнал да негодува околу реченицата и почнал да ја преиспитува, паднала наредбата од Камерон кој му рекол како знае и умее  „да ја продаде ТАА фраза“. И Лео успеа навистина да ја продаде.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: