Откриени се нови детали од изборот Песна за Евровизија во Србија: Поради ова Аца Лукас го напуштил натпреварувањето
Кија ги открива непознатите детали...
Пејачката Кија Коцкар откри непознати детали за тоа што се случувало зад камерите на натпреварувањето Песна за Евровизија.
Кија одговори на прашањето кој покрај Аца Лукас, во чија делегација беше, ѝ бил фаворит на натпреварувањето:
„Сара Јо“ - одговори Кија.
На прашањето да ѝ е жал што победила Констракта, а не Сара Јо, Кија даде интересен одговор.
„Жал ми е што Аца Лукас не победи. Жал ми е. Констракта победи, па победи. Но, жал ми е што сега ја газат Сара Јо. Гледам дека на социјалните мрежи ги трпи тие мемиња и некои невкусни шеги. Беше навистина близу“ - кажа Кија, по што се надоврза:
„Понатаму нема да коментирам. Јас требаше да бидам задолжена за Торино. Беше многу непријатна ситуацијата кон нас таму, тоа јас го почувствував на своја кожа. Особено на полуфиналната вечер, на финалето се промени ситуацијата“ - заврши Кија.
Делегацијата на Аца Лукас во текот на рекламите си заминала од натпреварувањето, а Кија сега откри зошто.
„Си заминавме, бидејќи навистина многу ми се одеше во тоалет. Навистина беше многу непријатно. Не ми се доаѓаше на финалето. И натпреварувачите беа некако повесели. Дефинитивно, кога ме прашаа дали би се пријавила за Евровизија, кажав „не треба, фала“. Тоа кажува сѐ за тоа. Беше ситница. Еден Аца Лукас, ѕвезда, новинарите го прескокнуваа за изјава, кога ги прашуваа сите останати. Потоа тоа се промени во финалето. Според мене тоа не е фер плеј. И навистина беше непријатно“.
А, Кија накратко ја искоментира и победата на Констракта.
„Што се однесува до победничката, јас сум граѓанин на Србија и сакам мојата земја да освои што повеќе поени“.
фото: Принтскрин / Јутјуб