Откриено е дали девојката од Полска е исчезнатата Медлин Мекен: Пристигнаа резултатите од ДНК тестот
Конечно се стави крај на наводите на девојката која пред неколку месеци го запали светот тврдејќи дека е исчезнатото девојче од Велика Британија...
Резултатите од ДНК тестот покажуваат дека девојката, која тврди дека е Медлин Мекен, не е 3-годишно девојче од Велика Британија, кое исчезна во 2007 година во Португалија, открива „Radar Online“.
Тестовите покажаа дека предците на Јулија Вендел, која во февруари предизвика бура ширум светот со тврдењата дека е исчезнатото дете од Британија, потекнуваат од Полска, изјави приватниот истражител д-р Фија Јохансон.
„Таа е 100 проценти од Полска. Таа е мал процент Литванка и Русинка, но резултатите од тестовите покажуваат дека е од Полска“ - изјави Јохансон за „Radar Online“.
И покрај разочарувачките резултати, сензационалните тврдења на Вендел (21) ја оживеаја истрагата за Мекен во Португалија и Обединетото Кралство, каде што владата размислува да го зголеми финансирањето за „Операцијата Гранџ“, која беше формирана за да помогне во потрагата.
Д-р Јохансон сè уште верува дека човекот кој наводно сексуално ја злоставувал Вендел може да е поврзан со случајот Мекен, а истражите во Португалија изразија интерес да го разгледаат неговото потекло.
„Џулија ги имаше сите родени белези на Медлин Мекен и верува дека ова е начинот на кој Бог и универзумот сакаат да му се приближиме на човекот кој сексуално ја злоставувал, да го разоткриеме него и неговите можни врски со случајот Мекен“ - кажа д-е Јохансон.
Таа додаде дека Џулија барем ги натерала инспекторите да продолжат да го истражуваат случајот со исчезнатата Медлин.
Вендел не обезбеди никаков доказ за да ги поткрепи нејзините тврдења, па дури и нејзините родители во Полска рекоа дека Јулија тоа го измислила и дека „очигледно е дека не е Медлин“.
Медлин, која тогаш имаше 3 години, исчезна за време на семејниот одмор во Португалија во 2007 година, а сега би имала околу 19 години, што значи дека би била две години од Јулија.
фото: Принтскрин / ТикТок