Откриено е колку Ким Кардашијан заработува од Инстаграм: Со една објава може да си купи неколку станови

Откриено е колку Ким Кардашијан заработува од Инстаграм: Со една објава може да си купи неколку станови

Објавена во: Мода // Moj стил

Со години популарноста не ѝ опаѓа, а дури и кога ќе се обидат да ја симнат од тронот, таа жестоко го возвраќа ударот...

Ким Кардашијан најверојатно е најпозната инфлуенсерка на светот, а тој статус ѝ донесе и голема заработка. Неа, само на Инстаграм ја следат 329 милиони луѓе, и влегува во една од најплатените личности на оваа социјална мрежа.

Покрај тоа, таа често се наоѓа на насловните страници на светските магазин, а нејзиното семејство почна со снимање на ново реално шоу, и сосема е сигурно дека популарноста наскоро нема да ѝ престане.

Според провенката на „Infuencer Marketing Huba“, Ким во 2022 година заработила помеѓу 620 илјади и 1 милион американски долари за една објава на својот профил на Инстаграм.

Ким пред две години откри дека нејзината присутност на Инстаграм толку профитабилна, што заработила повеќе пари на таа социјална мрежа, отколку за време на мултимилионскиот договор за шоуто „Во чекор со Кардашијанс“.

Инаку, Ким ја сметаат за една од највлијателните и далеку познати фигури во актуелната поп култура, а нејзиното презиме стана познато благодарение на нејзиниот татко Роберт, кој беше еден од адвокатите на О Џеј Симпсон, кога му се судеше за убиството на сопругата и нејзиниот љубовник.

Иако се дружеше со ѕвезди, како Парис Хилтон, она што Ким ја вивна во облаци беше нејзиното експлицитно видео со пејачот Реј Џеј, кој во тоа време беше нејзино момче.

Осум месеци по објавувањето на видеото, семејството одлучи да го искористи тоа и почна да го емитува своето реално шоу, кое траеше околу 20 сезони, а се емитуваше од 2006 година до 2021 година.

Оваа година започна нивниот нов семеен проект „Кардашијанс“, кој на публиката ѝ се допадна повеќе, затоа што е повеќе во документарен стил.

Покрај тоа, кога социјалните мрежи почнаа да стануваат популарни, Ким и нејзините сестри тоа го искористија за да развијат влијание надвор од самото реално шоу. Ким така од своето име создаде и бренд, но и го искористи и за своите деловни авантури - SKIMS и SKYNN by Kim.

„Сфатив дека тоа би можела да биде најчудната бесплатна  фокус група. Ако не мжев да сфатам кој производ сакам да го лансирам, или ми требаше конкретен совет, можев веднаш да добијам одговор. И тоа многу прецизен. Така почнав да го користам Инстаграм за тоа“ - кажа во една прилика Ким.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: