Откриено е жирито на новата сезона „Ѕвездичките на Пинк“: Помеѓу нив е и една Македонка
Музичкото натпреварување за деца се враќа на малите екрани по три години пауза...
Новиот серијал од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ наскоро ќе започне, а продукцијата одлучи и кој ќе биде дел од жирито.
Како што дознава „Телеграф“, членовите се немаат значително променето, освен што на едно од црвените столчиња ќе седи и младата и талентирана пејачка Анѓелина.
Во натпреварувањето нема да ги гледаме Милан Станковиќ и Гоца Тржан, но затоа немсто нив, својот суд ќе го изнесуваат Јелена Томашевиќ, Сергеј Ќетковиќ, Тијана Дапчевиќ, Леонтина Вукомановиќ, како и споменатата Анѓелина.
Снимањето ќе започне следната недела, а како што се шпекулира, кастингот бил повеќе од успешен, и оваа сезона за учесто се пријавиле многу талентирани деца.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб