Откриено: Што ќе прават принцот Вилијам и Кејт Мидлтон за божиќните и новогодишните празници
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон признаа дека сè уште се мачт со своите планови за Божиќ, откако кралицата Елизабета оваа година ја откажа семејната прослава.
Војводата и војвотката од Кембриџ им рекоа на студентите во Кардиф дека не знаат со кого ќе ја поминат сезоната на празници.
„Тешко е да се одлучиме, затоа сè уште планираме“ - рече принцот Вилијам.
Секоја година, кралицата Елизабета и принцот Филип го поминуваат Божиќ со блиско семејство во Норфолк. Сепак, тие неодамна изјавија дека нема да го поканат семејството на церемонија во Виндзор Корт оваа година, каде кралскиот пар е моментално изолиран поради пандемијата на коронарниот вирус.
Вилијам и Кејт најверојатно ќе го поминат Божиќ во салата Анмер во Норфолк или кај родителите на војвотката во Беркшир.
Младиот пар моментално е на божиќна турнеја, како дел од турнејата со воз низ Англија, Шкотска и Велс, за да им се заблагодари лично на поединците и организациите кои им помагале на сите за време на пандемијата. Нивната прва станица беше на замокот Кардиф, во Јужен Велс, каде се сретнаа со локални студенти на истоимениот универзитет, и токму за нив ја открија неизвесноста околу божиќните планови.