Откриваме: Еве како Нетфликс планира да ве спречи да ја споделувате лозинката
Еве што сѐ треба да знаете за тоа како Нетфликс планира да го спречи споделувањето на лозинки...
Претстојната акција на Нетфликс против оние кои ги споделуваат лозинките, вклучува планови со кои корисниците ќе бидат приморани редовно да се поврзуваат преку домашната Wi-Fi мрежа, каде што е пријавен профилот.
Гигантот за стриминг откри повеќе детали на својата веб-страница за тоа како компанијата конечно ќе заземе построг став против практиката, која според многумина, го прослави Нетфликс.
Иако профилите и понатаму ќе можат да се споделуваат во еден дом, Нетфликс воведе нови мерки за да се осигура дека секој уред што е најавен на тој профил е поврзан со примарната локација на сопственикот на профилот.
# Со кого ќе можам да го делам својот профил?
Луѓето во вашиот дом и понатаму ќе можат да го користат вашиот профил - така што ако плаќаат родителите, но и децата живеат со нив, може да имаат своите профили и да гледаат Нетфликс на своите уреди како и сега. Но, ако децата се иселиле, пристапот до Нетфликот на родителите ќе биде потежок.
Тоа е затоа што со користење на информации како што се IP адреси, ID на уреди и активности на профилот, компанијата може да открие од каде се најавуваат корисниците и мже да избере да интервенира ако се сомнева дека некој користи туѓ профил.
# Како ќе се спроведе ова?
Уредите што редовно се поврзуваат на Wi-Fi што му припаѓаат на сопственикот на сметката ќе се третираат како доверливи. на тоа Wi-Fi ќе треба да се поврзете барем еднаш месечно за да спречите да биде блокиран вашиот профил.
Но, ако се пријави или често користи уред што е надвор од вашето домаќинство, Нетфликс вели дека може да побара од вас да го потврдите тој уред пред да може да се користи за гледање на било што.
# Како вид на верификација?
Нетфликс вели дека ќе испрати линк на меилот или телефонскиот број поврзан со примарниот сопственик на профилот, со четирицифрена шифра што ќе треба да се внесе на „недоверливиот“ уред во рок од 15 минути.
Ова „може да биде потребно периодично“.
Исто така, ова ќе ви треба ако сте далеку од вашиот дом подолг временски период, на пеример, ако го носите телефонот на патување и планирате да продолжите да го користите Нетфликс.
# Значи, сè уште можам да го споделувам мојот профил?
Технички да, но станува многу покомплицирано, поризично и може да ве чини.
Судејќи според тестирањето, тоа би можело да се доплаќа дополнителни 3 евра месечно на веќе постоечката претплата.
фото: unsplash.com