Отпеа нејзина песна и ја остави без зборови: Лина ја воодушеви Теодора Џехверовиќ

Отпеа нејзина песна и ја остави без зборови: Лина ја воодушеви Теодора Џехверовиќ

Објавена во: Stars // Музика

Кога се во прашање новите песни кои ги објавуваат пејачите од нашето соседство, особено оние со модерен звук, нашата млада пејачка Лина Пејовска се труди уште во првите денови да направи свој кавер.

Последен во низата кавери, кој може да се најде на нејзиниот Инстаграм профил е оној на песната „Вуду“, која во оригинал ја пеат популарната српска пејачка Теодора Џехверовиќ и Девито. 

На оваа изведба на Лина без зборови остана и Теодора, која во кометар на Лина и напиша само: „Вау“ и неколку срциња.

За да може да ви стане јасно зошто популарната српска пејачка имаше ваква реакција, погледнете го видеото во продолжение и слушнете како Лина ја донесе оваа песна.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: