Им пркоси на сите: Без аутотјун ги отпеа најголемите балкански хитови
Веќе наголемо тече 2020 година, а во неа продолжи трендот на правење песни со аутотјун. Иако живееме во 21 век и одиме напред на многу полиња, меѓу кои и музиката, сепак добрите вокални способности на многу луѓе им се најважни. Денес со помош на аутотјунот секој еден може да биде пејач/ка, но ретко кој може истото тоа да го испее во живо.
Една од малкуте квалитетни пејачки е нашата Лина Пејовска, која учестваше во неколку музички натпреварувања, преку кои ги презентираше своите вокалните способности. Но, Лина не застанува - таа секојдневно ги потсетува своите обожаватели зошто е дел од македонското естрадно небо.
Како најдобар доказ за тоа служат сите нејзини кавери на песните кои се едни од најактуелните кај тинејџерите, а во кои има можеби и малку повеќе аутотјун.
# Анастасија Ражнатовиќ - „Хероина“
# Зои - „Јасно ми е“
# Едита Арадиновиќ - „Соба“
# Hurricane - „Авантура“
# Луна Џогани - „Девети круг“