Отсекогаш знаев дека сум посвоена, биолошката мајка не ја замразив ни кога ми призна дека другите 3 деца ги задржала: Во 2017-та дознала нешто што многу ја изненадило
Меланија Роџерс отсекогаш знаела дека е посвоена, нејзините родители, Кејт и Мајк Ларсен никогаш не го криеле тоа од неа. „Толку те сакаме, а те сакаше и твојата родена мајка“ - ѝ зборувале со надеж дека ќе ја уверат дека била сакана и ценета.
„Вистина е дека таа не била во состојба да се грижи за мене. Живеела во мал град во Колумбија и немала многу пари. Така ја донела неверојатно тешката одлука да ме даде на посвојување. Во меѓувреме моите родителите, кои веќе имале четири биолошки деца, одлучиле дека сакаат дополнително да го прошират семејството“ - ја почнува својата приказна оваа Американка.
„Тоа што сум посвена беше нормално за мене. Израсна среќна, обожувана од страна на постарите браќа и сестри. Моето детство беше среќно, иако бев една од ретките деца кои не беа бели и физички не личев на браќата и сестрите. Сепак, не се чувствував исклучена, имав сѐ што ќе посакав и бев сакана“ - додаде таа.
фото: Принтскрин / ИнстаграмДенес има 34 години и откри дека повремено добивала писма од својата биолошка мајка, бидејќи нејзините родители во документите за посвојување ја оставиле адресата.
„Во нив ми објасни дека имам два постари браќа и сестра, но дека не можела да се грижи за мене „финансиски или духовно“, па одлучила да ме даде на посвојување со надеж дека ќе имам подобра иднина. Некои луѓе би можеле да помислат дека сум лута поради тоа, бидејќи ги задржала моите браќа и сестра, но јас навистина не сум. Наместо тоа, имав голема почит кон неа. Ме сакала очајнички, па го направила она што сметала дека е најдобро за мене. И бев среќна што живеам во Америка со семејство кое ме сакаше. Напорно се школував, го запознав својот сопруг Бен, и потоа родив три прекрасни деца“ - истакна таа.
Кога наполнила 30 години, поточно кога и самата се остварила во улогата на мајка, Меланија одлучила да ја побара биолошката мајка.
„Немав големи очекувања, свесна бев дека таа можеби нема да сака да ме види или дека можеби умрела. Во 2017 година разговарав со една пријателка, која можеше да го провери бројот од социјалното осигурување на мојата мајка. Таа откри дека бројот бил уште активен, што значеше дека е жива. На крајот ја најдов преку својата Фејсбук пријателка, која случајно го имаше едното од децата на мојата мајка во пријатели“ - кажа таа.
„Дознав дека покрај трите постари браќа и сестра, имала уште три помлади, кои се родени после мене, но кои мојата мајка не ги дала на посвојување. Нема да лажам и да кажам дека тоа беше нешто со што веднаш се помирив. Секако, се прашав: „Зошто јас?“. Дознав дека многу се мачела по разделбата со мене и нејзиноот семејство се сложило да ги задржи децата кои ги родила после мене. Не ѝ замерив и на крајот не чувствував дека има да ѝ простам нешто, а сето тоа е поради својот среќен живот во Америка“ - истакна таа и потоа додаде:
„Првиот пробен телефонски разговор со неа го имав на 16 јуни 2017 година, а јас не знаев шпански, а таа не знаеше англиски, така што мојот најмлад биолошки брат преведуваше за нас две. Кога се видовме на екран, двете почнавме да плачеме. Тоа беше прекрасен момент. Сега се слушаме на неколку недели и си испраќаме пораки една на друга. Чувствувам дека ми е блиска. Се надевам дека во иднина ќе ја посетам Колумбија и ќе ја запознаам, иако не ја сметам за своја мајка“.
Меланија заклучи дека нема од што да се срами и дека токму затоа отворено ја раскажува својата приказна. Вели дека единственото нешто што ѝ пречи е тоа што добива несоодветни прашања на социјалните мрежи:
„„Дали мислите дека посвоените деца се помалку сакани?“, „Како се чувствувавте кога дознавте дека сте едно од седум деца кое е дадено на посвојување?“, „Мислите ли дека животот би ви бил подобар доколку не сте посвени?“ - се само некои од прашањата кои ги добивам. Но, јас сум среќна со тоа како стојат работите и верувам дека сѐ испадна онака како што треба. Сега едвај чекам да го запознаам моето биолошко семејството“.
фото: Принтскрин / Инстаграм