Ова бебе ги збуни сите: Момче од Хаваи ја држи главата исправена неколку часа по раѓањето (ВИДЕО)

Ова бебе ги збуни сите: Момче од Хаваи ја држи главата исправена неколку часа по раѓањето (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Изненадените родители снимија сè и видеото го објавија на „ТикТок“

Познато е дека мускулите на новородените бебиња се слаби и дека вратот и главата на новороденчињата треба внимателно да се придржуваат со рака.

Сепак, малото момче родено на Хаваи само по неколку часа почнало да ја држи главата самостојно, пишува „Кликс“.

Изненадените родители снимиле сè и видеото го објавија на „ТикТок“.

„Мојот син самостојно ја држи главата само по девет часа. Ова е неверојатно", објасни неговата мајка, на која ова ѝ е четврто дете.

Се слуша и таткото како се смее и го прашува љубопитното мало момче: „Колку години имаш?“.

@nykeacrawley

original sound - Nykea Zinnerman

Видеото воодушеви многумина и собра илјадници прегледи.

„И јас имам четири деца, ова никогаш не сум го видела“, „Навистина е неверојатно што ја држи главата сам“, „Прв пат го гледам ова“, „Тој ќе биде нешто посебно“, се само некои од коментарите под виралното видео.

Во овој случај, многумина се сомневаат дека бебето има зголемен мускулен тонус или хипертонус, што може да влијае на мускулите на целото тело. Бебињата со хипертонија нивните родители често ги опишуваат како цврсти, но од друга страна, тие имаат потешкотии да усвојат реакции на рамнотежа, па често паѓаат или стануваат на прсти.

Извор: ona.telegraf.rs

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: