Ова е ќерката на Слаѓа Делибашиќ и Џоле Џогани: Таа е пејачка, но и актерка (ФОТО)
Силвиа проговори за својата кариера, но и за многу други детали од својот живот...
Ќерката на Џоле Џогани и Слаѓа Делибашиќ, кои се разведоа во 2000 година, денес се занимава со пеење и глума.
„Јавноста за првпат доби можност да ме запознае кога имав 19 години. Тоа беше мојот дует со мојата мајка Слаѓа - „Уникат“. Таа песна помина многу добро кај публиката, така што добив предлог да продолжам понатаму. Меѓутоа потоа останав бремена и одлучив во целост да се посветам на своето дете. Во музичките води се врати пред неколку години и продолжив по подолга пауза“ - раскажа Силвиа, која од мали нозе се занимава и со грума:
„Покрај пеењето, исто така се занимавам и со глума од својата 11-та година. Можеби тоа ми е и поголем талент од пеењето, многу ми е криво што никогаш не се обидов да се запишам на факултетот за Драмски уметности. Морам да кажам дека на која аудиција и да се појавам, добивам главна улога. Најверојатно луѓето го препознаваат талентот. Бев главна женска улога во претставата „Патувачки театар Шопаловиќ“, која се одржуваше во Театарот Вук. Учествував и во неколку домашни филмови, каде најдоброто искуство ми беше во филмот „Зона Замфирова 2“.“
Таа се осврна и на моментот како е да се биде дете на родители кои се јавни личности.
„Да се биде дете на познати родители има свои маани и предности. Маани се во тоа што луѓето очекуваат многу повеќе, само заради тоа што твоите родители веќе имаат изградени кариера и ти како да треба да продолжиш по нивните стапки, но всушност ти почнуваш како и сите други, не можеш да бидеш на тоа ниво затоа што и тие самите некогаш биле почетници. Луѓето ги гледаат во овој момент кога редат успеси и хитови. Предностите се тоа што, секако, на стартот имаш познато презиме и контакти и полесно ти е во работата“ - кажа таа за „Информер“, па откри дека нејзината мајка ѝ е најголема поддршка:
„Мајка ми ми помага повеќе од татко ми, секогаш со мене ја преслушува песната која ми е понудена, се ангажира околу сѐ, за што подобро да испадне проектот. Исто така, кога почнав да настапувам со бенд, таа беше личноста која ми помогна во правењето на репертоарот. Сега повеќе не, повешта сум, следа сѐ и знам што ми лежи, а што би требало да избегнувам. На самиот почеток најмногу ми помогна мајка ми, а татко ми не ми се меша во кариерата“.
фото: Принтскрин / Инстаграм