Ова е синот на Тома Здравковиќ: Го криел презимето од јавноста, а кога починал татко му сфатил едно нешто

Ова е синот на Тома Здравковиќ: Го криел презимето од јавноста, а кога починал татко му сфатил едно нешто

Објавена во: Живот // Живот

Како момче ништо не разбирал...

Гордана со синот Александар ја напуштила Србија набрзо по смртта на својот сопруг, легендарниот Тома Здравковиќ, во септември 1991 година.

Гоца и Тома во брак биле 18 години. Се запознале во Торонто, каде што таа живеела тогаш. Во 1978 година го добиле синот Александар, а набрзо потоа се преселиле во Србија. Гордана вели дека секој ден со Тома бил предизвик и изненадување, како и дека централното место во неговиот живот била музиката.

„Музиката го правеше и среќен и депресивен. Музиката му беше сè. На почетокот не го разбирав тоа, додека не сфатив кој тој е поврзан за музиката, дека таа е неговиот живот, повеќе од семејството. Секоја негова песна беше доживеана, беше вистинска“ - кажа таа своевремено и дададе:

„Секогаш велеше: „Да сум образуван, веројатно ќе достигнев поголема популарност“. Но, популарноста не му значеше многу. Само му беше важно да го сакаат луѓето.“

Гордана и Александар повеќе од две децении живеат во Торонто. Синот на Тома исто така се занимава со музика - има свое приватно студио во кое се занимава со продукција на електронска музика, а работи и како аудио и видео техничар на конференции и концерти.

„Кога дознаваа чив син сум, прво ме прашуваа како со растел со него. некогаш се претставував како Александар Саша, за да го избегнев товарот од презимето Здравковиќ. Бев премлад кога почина, дури подоцна сфатив колку тој значи за музиката и другите луѓе и што остави зад себе“ - кажа во една прилика Александар, кој имал 13 години кога неговиот татко починал.

„Дури на свои 16 - 17 години, кога почнав да се заљубувам, почнав да ги сфаќам неговите песни. Наместо во парк некогаш со него одев во казино. Видов многу работи како многу млад. Не ни знаев што се случува околу мене“ - додаде тој.

„Последните денови во болница, знаеше дека е крај. Виде дека војната почнува. Ми кажа: „Земи го ова дете и бегај од тука. Немој ова дете да ја види војната.“ Тој како мал ја преживеал и сакаше што порано да го одведам синот за и тој да не го доживее тоа“ - кажа мајката на Александар пред неколку години и додаде:

„Немав што да барам овде. Немав работа. Последната една година многу пари потрошивме на неговите лекови. Се вратив во Канада, каде живеев кога го запознав. Сепак, Србија за мене и понатаму е дом“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: