Ова е суровата реалност: Популарна ТикТокерка од Украина објави дека ги добила најлошите вести (ВИДЕО)
Девојката која сите ја знаат по позитивата во тажното секојдневие во Украина...
Војната во Украина не престанува, а ситуацијата е сѐ полоша и полоша. Иако некои успеаја да заминат во другите побезбедни држави, нивните најмили останаа во воената зона. Колку е тоа реално, најдобро покажува објавата на оваа девојка.
Некои можеби не веруваат колку е вжештена ситуацијата во Украина и колку страшни работи се случуваат таму. Една млада девојка стана популарна споделувајќи ги со светот видеата кои од почетокот на војната ги објавува и во кои покажува како изгледа животот во нејзиниот град. Урнатини, живот во бункери, воздушни напади, заминување на семејството на бојното поле - ова е реалниот живот во Украина. Иако ги гледаме видеата како кратки филмови, за луѓето таму тоа е реалност. Валериш, како што е нејзиното корисничко име, редовно внесуваше по малку комичност во нејзиниот секојдневен живот и видеа, а тоа навистина ги освои луѓето ширум светот. Преку неа младите ширум светот почнаа да ја следат ситуацијата во Украина. Меѓутоа, со последното видео ги потресе сите што ја следат.
@valerisssh I love u, bro Putin is an evil
eventually slowed - xxtristanxo
Има 18-годишен брат кој заминал да ја брани својата држава и кој како што дознала, починал. Луѓето се шокирани. Сите ѝ испраќаат пораки полни со поддршка, но исто така им е јасно дека никако не можат да ѝ помогнат, иако сакаат. Во видеото напиша: „Владимир Путин го уби мојот 18-годишен брат во Украина, додека Русите се загрижени поради тоа што им го затворија Мекдоналдс“. Таа пред некое време успеа да замине во Италија, но нејзините родители и брат останале во Украина. Нејзиното видео за само еден ден го погледаа 10 милиони луѓе. Се надева дека со своите видеа ќе успее да ја подигне свеста помеѓу другите луѓе за тоа што моментално се случува во нејзината земја.
фото: Принтскрин / Инстаграм