Ова ќе му ја заврши кариерата: Одвратната шега за Грета Тунберг поради која комичарот остана без профилот на Твитер
Ли Харст не застанува. По минатогодишниот скандал со неносењето заштитни маски, сега „удири“ по младата активстка...
Сите сакаме добри шеги, но некои навистина ја преминуваат границата на добар вкус. И тие не се смешни. Барем така беше случајот со комичарот Ли Харст, кој напиша перверзна шега на Твитер за 18 - годишната активистка за заштита на околината, Грета Танберг.
Следуваше брза реакција од Твитер, а корисникот беше суспендиран од оваа социјална мрежа за среќа на сите оние кои го пријавија на Твитер.
Ли во објавата напиша: „Штом Грета го открие пенисот, таа ќе престане да се жали на пластиката за еднократна употреба во која е завиткан“.
57-годишниот британски стенд-ап комичар подоцна изјави дека не жали за шегата и дека му е жал само за суспензијата.
„Ми беше навистина смешно, не жалам што го напишав“ - изјави тој за „Дејли меил“.
Иако властите од Твитер не реагираа на почетокот, веројатно откако се соочија со повеќе пријави, профилот му биде блокиран, бидејќи е во спротивност со правилата за злоупотреба и вознемирување.
Goodbye Lee Hurst.
— Dr Barnard Castle (@Jamesbobble) March 20, 2021
You won't be missed. pic.twitter.com/OLUjgpkHGw
Бројни корисници ја коментираа ситуацијата. „Ова навистина треба да ја заврши кариерата на Ли Харст како јавна личност и комичар... За жал, тоа е невозможно затоа што тоа веќе се случи пред 25 години“, „Би сакал да не погледнав зошто Ли Харст е во трендинг“,„ Збогум, Ли Харст. Нема да ни недостасуваш“ - се само некои од коментарите.
This should really end Lee Hurst's career as a public figure and comedian ... sadly that is impossible because it already happened 25 years ago. pic.twitter.com/2VWJ2Wlchs
— John Spiers (@squeezyjohn) March 20, 2021
Грета не се огласи за сево ова, и рака под срце, таа има далеку попаметна работа. Кога станува збор за Ли, ова не е прв скандал во неговата кариера.
Минатата година тој беше критикуван затоа што одбиваше да носи заштитна маска на јавни места, па дури и се снимаше додека пазаруваше без маска на лицето.