Ова можеби ги очекува и овогодинешните бруцоши: Студентите откриваат како е да се учи во време на корона
Најдобро е однапред да знаеш што може да очекуваш следните неколку месеци...
Короната оваа година на неопределено време го промени начинот на одржување на наставата во училиштата и факултетите. Како изгледа сето тоа од перспектива на студентите?
Агенцијата за наука и високо образование на Хрватска ги претстави резултатите од истражувањето „Предизвици во високото образование за време на пандемијата на болеста Ковид - 19 и социјалната изолација: искуствата и потребите на универзитетскиот персонал и студентите“. Ова истражување е спроведено со цел подобро разбирање на влијанието на вонредните околности како што се пандемијата и социјалната изолација врз студијата и искуството од наставата.
Податоците беа собрани во текот на јуни и јули 2020 година со помош на електронски прашалник, а во него учествуваат студенти и вработени во високообразовни институции од цела Хрватска.
Поголемиот број студенти кои учествуваа во ова истражување (42%) се многу незадоволни од пристапот до библиотечниот материјал за време на вонредните околности, додека поголемиот дел до вработените (51%) во високото образование се задоволни и многу задоволни. Половина од студентите (50%) сметаат дека квалитетот на предавањата преку Интернет е многу полош, отколку пред карантинот. И не само тоа. Скоро половина од студентите се сложија дека комуникацијата со професорите била лоша во текот на целата пандемија, но и дека одржувањето на практичната настава патело.
Нешто повеќе од половина студенти кои учествувале во тестирањето (55%) веруваат дека обемот на работа на обврски на студентите за време на онлајн наставата во вонредните околности бил поголем, отколку пред карантинот. Таквата средина воопшто не била мотивирачка за студентите, па затоа половина од нив (51%) признале дека нивната мотивација е падната и е многу пониска од порано. Иако учесниците во истражувањето укажуваат на ефективноста на онлајн наставата, повеќе или помалку и нејзината применливост при трансферот на теоретското знаење, тие сепак ставаат голем акцент на незаменливоста на личниот, директен контакт помеѓу наставниците и учениците.
Значи, онлајн наставата не е лоша, но не е ни добра. Половина од студентите се незадоволни околу поголемиот број аспекти на онлајн наставата, но и својата мотивираност.
Извор: teen385.com