ОВА НЕ Е РАСПУСТ: Седете дома и учете по електронски пат, апелира Владата

ОВА НЕ Е РАСПУСТ: Седете дома и учете по електронски пат, апелира Владата

Објавена во: Совети // School zone

Учебната година не е уништена, смета министерот за образование Арбр Адеми. МОН заедно со другите образовни институции, нагласи тој, има капацитет да ја организира наставата. Веднаш по одлуката за прекин на наставата, МОН пристапи кон дефинирање на конкретрен план за да во овој период децата не го минуваат пасивно времето, туку на алтернативни начини да го продолжат образовниот процес.

-МРТВ веќе од понеделникот почна да емитува едукативна програма во рамки на проектот „ТВ-училница“ за најмладите, а за децата од градинките се емитуваат едукативни емисии и приказни прилагодени за нивната возраст. Вака ќе биде се со до стабилизирање на ситуацијата, изјави министерот за образованбие, Арбр Адеми.

Тој ја посочи општината Карпош, како позитивне пример, која веќе иницираше дигитална платформа се со цел да се надоместат изгубените образовни содржини.

-Секако ова е неформален начин на едукација и не може да го замени учењето вио училиште, но е добра солуција образовниот процес да не се прекие. Упатувам и апел до средните училишта и високообразовните институции да започнат е-настава за да псродолжат учениците и студентите да се надградуваат во овој кризен поериод.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, извести дека од вчера почната е наставата за учениците од 9 одделение, а очекуваат се да биде подготвено и за останатите одделенија.

-Наставницитре прикачуваат содржини кои се изучуваат по 8 предмети. На платформата има презентации, квизови, видео предавања од наставници. И преку овој тип на настава целта е да се надомести изгубениот материјал. Учебната година за сега не може да продолжи во училниците, но наставата мора да се прилагоди на новото време. Мојата порака е: седете дома, учете по електронски пат. Ова не е распуст, туку ситуација која бара дисциплина и одговорност од сите нас, рече градоначалникот Богоев.

А.Б

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: