Ова никој не го очекуваше: Илон Маск за себе си измисли чудна титула
Не е дека не му стои...
Покрај неговото име, технолошкиот магнат го запиша „Тесла Технокингс“ како функција при поднесување на нова апликација до американската „Комисија за хартии од вредност“, а финансискиот директор на Тесла, Зак Киркхорн ја доби титулата „Господар на паричката“.
Се разбира, двајцата се единствените во светот кои имаат такви позиции во една компанија - на крајот на краиштата, тие ги измислија за себе. Иако невообичаени, овие имиња можеби не се толку неочекувани со оглед на моменталниот ентузијазам на Маск за крипто-валути.
За потсетување, на почетокот на февруари, Тесла купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а Маск потоа објави план за „стекнување и поседување дигитални средства на долг рок“, што може, во одреден момент, да отвори простор за купување производи на Тесла со криптовалути.
Покрај биткоинот, Маск во последно време често зборуваше и за „неконвенционални“ крипто-валути како што е Dodgecoin. За него, Маск објави дека „народната криптовалута“ е на повидок, зголемувајќи ја својата вредност со тој твит.