Ова преслатко дете денес е голем актер и пее: Дали би го препознале?
Драган Спасов-Дац (роден на 20 април 1963 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
Роден е во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Слободан Унковски.
Од 1992 до 2016 г. работел како актер во Драмски театар - Скопје. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти. Во 2016 г. преминал во ансамблот на Македонскиот народен театар.
А последниве години е познат по дуетите со Александар Митевски. Создаваат заедно песни кои веднаш стануваат хитови, како онаа „Бела чао“ испеана во време кога сите бевме во карантини.
Фото: ФБ