Ова се 4 - те најлоши типови на професори со кои сигурно ќе се сретнеш: Како да се справиш со секој од нив?
Колку професорот и да e лош, пости начин да се обидеш да ја направиш ситуацијата подобра за тебе...
Без разлика дали оваа година ќе бидеш прва година во средно училиште или на факултет, ова се четирите типови на професори со кои ќе се сретнеш барем еднаш. Со нив нема да ти биде лесно и некои од нив може ќе ти создаваат главоболка, но посотјат начини како да си ги олесниш односите со нив.
# Тип број 1: Професор кој не знае добро да го објасни материјалот
Постои разлика помеѓу професорот кој е строг и професорот кој е лош, а ова е еден од оние кои се навистина лоши. Не се сите професори еднакво добри во објаснувањето на материјалот и држењето на предавање. Некои ќе бидат толку добри и интересни од кои што ќе можеш да го сфатиш материјалот одма, а овие другите... не се баш такви. Професорите кои се заплеткуваат кога објаснуваат нешто, зборуваат како да предаваат на возрасни личности кои се упатени во тематиката или оние кои се толку здодевни што едвај ги држиш очите отворени - тоа се оние професори кои спаѓаат во оваа категорија. Со вакви професори ќе се сретнеш повеќе пати. Тие сметаат дека материјалот кој го предаваат е едноставен, бидејќи тие го знаат одлично и затоа сметаат дека и сите други веднаш ќе го сфатат.
Како се справиш со ваквите професори?
Најдобар начин: поставувај прашања! Немој да се плашиш да ја кренеш раката и да прашаш доколку нешто не ти е јасно или пак да отидеш на консултации доколку си на факултет. Професорот најверојатно не е ни свесен колку лошо објаснува. Во одделението или групата секогаш постои некој кој е надарен за математика, англиски или било кој друг предмет, а во вакви ситуации, доколку ја праваш таа личност да ти го објасни материјалот не е нешто од што треба да се срамиш.
# Тип број 2: Професор кој не се труди, но очекува да знаеш сѐ
Во оваа група се оние професори кои воопшто не се трудат и тоа е преочигледно. Даваат задачи кои немаат смисла во поглед на она што се изучува, само за да им зададат задача на учениците или само да ги оставаат да ги препишуваат текстовите од слајдовите и тоа за нив е одржан час и поминат материјал.
Како се справиш со ваквите професори?
Колку и да е глупаво и бесмислено она што професорот бара да го направиш, за жал ќе мораш. Би било глупаво да се саботираш самиот себе и да не правиш ништо, бидејќи е глупаво, а може да ти помогне да добиеш подобра оценка. Таквите професори често нема да имаат преголеми критериуми за да добиеш 5 - ка или 10 - ка, затоа искористи го тоа. Доколку тој материјал што го предава професорот те интересира, секогаш во слободно време можеш да погледнеш некој документарец/да истражиш/да прочиташ повеќе.
# Тип број 3: Професор кој е неправеден во оценувањето
Главната причина зошто професорите се неправедни во оценувањето е бидејќи не сакаат да обрнуваат многу време на есеите и тестовите. Кога тестот или испитот се состои од прашања кои се есејски, кои бараат да напишеш подолги одговори, професорот веднаш има многу повеќе работа кај исправувањето на грешките, бидејќи има многу повеќе за читање. Некогаш едноставно има и повеќе студенти со различни ракописи итн. Постојат професори кои навистина нема да прочитата ништо и ќе ги стават оценките од ракав. Ова е тип на професор со кој сигурно често ќе се сретнуваш на факултет.
Како се справиш со ваквите професори?
Заложи се за себе. Тоа е единствениот начин. Немој да очекуваш дека некој друг ќе го направи тоа за тебе. Доколку знаеш дека го имаш научено материјалот и дека сигурно имаш напишано подобро, отколку што покажува оценката, побарај од професорот конкретно да ти каже што не било добро, а тој нема да смее да те одбие. Нека ти објасни зошто нешто не е во ред и како треба истото да биде.
# Тип број 4: Професор кој е непристоен и ги навредува учениците/студентите
Некогаш професорот може многу добро да го објасни материјалот, но е непристоен кон учениците/студентите. Пред сите зборува за работи кои не би требало, се лути и вика на луѓето без причина или на глас навредува одредени поединци. Ваквите слични работи, еден професор никогаш не треба да ги прави. Но, сеедно тоа не ги спречува одредени професори да го прават тоа. За жал, сигурно ќе се сретнеш и со вакви.
Како се справиш со ваквите професори?
Она што никогаш не смееш да го направиш е да започнеш да му возвраќаш и да се расправаш. Тоа е најлоша опција. Она што можеш да го направиш е да се пожалиш на надредените и да го пријавиш. Заслужуваш професорот кон тебе да се однесува со почитување, најмногу затоа што ти немаш ништо направено за да има право да се однесува поинаку. Размисли дали тоа е битка во која сакаш да влезе, доколку не е, постои уште едно решение, а тоа е игнорирање. Некогаш е подобро да ги игнорираш коментарите и да дозволиш да помине моментот, да се смири и подоцна со друштвото да го „хејтате“.
Извор: teen385.com