Ова се најмладите сурови убијци на светот и сите имаат едно заедничко нешто: Момчето од Белград уби најмногу луѓе

Ова се најмладите сурови убијци на светот и сите имаат едно заедничко нешто: Момчето од Белград уби најмногу луѓе

Објавена во: Живот // Живот

Осумгодишно момче со своето злосторство го шокираше светот, а на листата има и девојче...

Досега мислевме дека најсуровите злосторства кои ја уништуваат душата се случуваат само во далечните земји, особено во Америка, а потоа доживеавме еден тинејџер (13) и млад човек (21) ладнокрво да одземат 17 животи во рок од 3 дена. Сето ова се случи во соседна Србија, каде никогаш немало погласна тишина, а додека сите се обидуваме да разбереме што се случило и како дошло до таа ситуација, многу семејства се обвиени во црно.

Сфативме дека момчето, кое е ученик во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачае е еден од најсуровите, кој убил најмногу луѓе од сите малолетни убијци на светот. Шок и неверување. 

Додека се обидуваме да добиеме одговор на овие сложени прашања, погледнете ги децата ширум планетата, кои исто така биле причина за невидени злосторства. Сите имаат едно нешто заедничко - недостаток на емпатија, која одамна се има изгубено помеѓу луѓето. Губењето на едно од најважните чувства кај човекот се крие токму во девијантното однесување.

# Амарџит Сада

Во 2006 година цел свет остана без зборови, кога момчето Амарџит Сада од Индија на само 8 години уби 6 бебиња, меѓу кои и сопствената сестра! Тој е осуден на доживотен затвор, а како причина за делото ја посочил љубомората поради вниманието кое новороденчињата го добивале од нивните родители.

# Кајл Олвуд

Во 2019 година, тој уби пет членови од своето семејство, предизвикувајќи пожар во куќа во Илиноис, САД. Во тој момент имал само 9 години.


# Ендрју Голден

Во 1998 година, на 11-годишна возраст, со помош на неговиот пријател и соучесник Мичел Џонсон (13), Голден уби четворица ученици и еден наставник во средно училиште во Арканзас, а повреди уште 10.


# Џасмин Ричардсон

Џасмин Ричардсон од Канада, беше осудена за убиството на нејзините родители и помладиот брат во Алберта во 2006 година. Осудена е на доживотен затвор, со можност за условна слобода.


# Крег Прајс

На 13-годишна возраст го извршил првото убиство, а до својата 15-та година убил вкупно 4 лица. Бидејќи Крег ги извршил злосторствата како малолетник, според законот тој би бил ослободен на 21 година и неговото досие би било запечатено. Сепак, неговиот случај стана катализатор што доведе до промени во државниот закон на Род Ајленд што дозволуваше малолетниците да бидат судени како возрасни за сериозни кривични дела.

Иако новите закони не можеа да важат ретроактивно за него, благодарение на насилните злосторства што ги направи додека беше зад решетки, тој доби дополнителни 10-25 години и уште е во затвор.


# Марсело Едуардо Бово

Марсело Едуардо Бово од Бразил имал 13 години кога во 2013 година во Сао Паоло уби четири лица, а потоа извршил самоубиство.


# Коста од Белград

На оваа црна листа се запиша и тинејџерот К.К. од српската престолнина, кој потекнува од угледно семејство. Ладнокрвно пукал од пиштолот на неговиот татко и убил 8 свои другари од ОУ „Владислав Рибникар“, како и човекот кој го обезбедувал училиштето и бил „добриот дух“ во училиштето. Освен овие жртви, тој рани и многу соученици и една наставничка.

Целото злосторство внимателно го подготвувал дури еден месец и имал листа на личности кои сакал да ги убие. Испукал повеќе од 50 куршуми, а потоа самиот се пријавил во полиција, истакнувајќи им на службените лица дкеа е „психопат кој мора да се смири“. Нема да одговара кривично, бидејќи уште нема 14 години, сместен е во посебен одел во здравствена институција.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: