Оваа мајка ја обожава виолетовата боја: И на ќерката ѝ дала име кое потсетува на нејзината опсесија (ФОТО)
Ванеса полни седум години живее во виолетов свет, кој во потполност го отсликува нејзиниот сензибилитет...
Во последните години младата мајка Ванеса Ален (27) не купила ништо што не е во виолетови нијанси.
Дури и просторот во кој живее е комплетно виолетов - од ѕидовите, до мебелот и најситните детали, па дури и храната, која, како што објаснува Ванеса, треба да биде во виолетови пакувања.
Како што пишува „The Sun“, Ванеса се заљубила во виолетовата боја во 2015 година, кога се возела во автобус со виолетови седишта. Од тогаш до денес таа е „од глава до петици“ во парчиња облека во виолетови нијанси, а и косата ја има бојадисано во оваа боја.
Кога останала бремена и дознала дека ќе роди ќерка, Ванеса немала дилема околу името - бебето, очекувано се вика Вајолет.
Не открива која била причината за крајот на нејзината 6-годишна врска со таткото на нејзината ќерка, но со тага раскажа дека со денови подготвувала виолетови свадбени додатоци и украси во истата боја.
„Живеам во виолетов свет и ја обожавам секоја минута во него“ - вели Ванеса.
Сепак, во нејзиниот „виолетов свет“ не е сѐ така идилично. Поради опсесијата со оваа боја, Ванеса ги надминала лимитите на онлјан картичките за сѐ што е во нејзино опкружување да биде виолетово - од теписи, прекривки, перничиња и завеси, преку тањири, прибор за јадење, чаши и шољи до собни влечки, облека, пижами, чанти, а дури и тоалетна хартија.
Иако враќа околу 6 милиони долари, сумата што ја вложила за нејзиниот виолетов свет, Ванеса е горда што луѓето ја идентификуваат со оваа боја.
„Коа ќе ме сретнат мајки со деца на улица, ме нарекуваат „виолетовата девојка“, што ми е особено слатко“ - вели Ванеса.
На нејзинат аопсесија со виолетова боја некои работодавци не биле благонаклонети - инсистирале Ванеса да ја носи истата униформа како и останатите вработени. Но, таа не се согласувала на тоа.
Затоа избрала работа на која не е неопходно да се почитува кодекс на облекување.
„Љубовта кон виолетовата боја стана мој начин на живот. Кога сум опкружена со виолетова боја, тоа е како секогаш да сум на месотот кое го доживувам како свој дома“ - искрена беше Ванеса.
фото: Принтскрин / Инстаграм