Оваа пролет ќе се носи марама: Зошто стана „задолжителен“ моден додаток и како да го искомбинирате? (ФОТО)

Оваа пролет ќе се носи марама: Зошто стана „задолжителен“ моден додаток и како да го искомбинирате? (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Трендсетерите веќе се обезбедија и ги имаат во своите плакари...

Со оглед на тоа што модните трендови кои владееја во 90-тите и раните 2000-ти се враќаат на голема сцена, тенките марами се нешто што беше хит пред повеќе од 20 години, а сега се враќа оваа пролетна сезона.

Враќањето на тенките повеќебојни марами е инспирирано од естетиката на „Frazzled English Woman“, која вклучува слоевито облекување и бројни модни додатоци, заедно со овој моден додаток.

Ако можете да се сетите како се облекуваше Кејт Винслет во филмот „The Holiday“ или Кира Најтли во филмот „Love Actually“, веднаш ќе ви стане појасно за каков стил станува збор.

Марамите кои ќе ги носиме оваа пролетна сезона во никој случај нема да бидат дебели и вонени, туку тенки и нежни ткаенини, но предвид се земаат и материјатели со светки и мониста.

На крајот на краиштата, се надеваме на потопли температури, па марамите тогаш нема ни да можат да имаат практична, туку само естетеска функција. Тие се супер тенки и супер долги, па можете да ги завиткате околу вратот и сепак да имате доволно материјал од двете страни.

Што се однесува до вклопувањето на овој моден додаток во вашиот секојдневен стајлинг - можете да замислите како го носите со фармерки, кул бомбер јакна, под мауца со V-отвор и сето тоа да го зачините со марама, со која целиот изглед ќе го кренете на едно повисоко ниво. Овие марами не се резервирани само за дневните модни комбинации, туку можете да ги носите и за време на вечерните излегувања со фустан со деколте, каде некако ќе имаат функција на ланче.

Една од жените кои поставуваат модни трендови е Бела Хадид, која веќе ги вклучи овие марами во својата гардероба. Впрочем, на Инстаграм профилите на трендсетерките можеме да се инспирираме и да видиме како да го комбинираме овој моден додаток.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: