„Оваа сезона ги доживеавме најголемите успони и падови и остваривме одличен успех“: Неделковски за овогодишнешната сезона!
КК МЗТ и неговата младинска екипа полека, но сигурно од сезона во сезона се искачува кон врвот. Влатко Неделковски, тренерот на младите и надежни кошаркари вели дека иако целта е титулата во заршниот Final 4 турнир да заврши во рацете на неговите кошаркари, сепак местото погоре на финалната табела, односно бронзениот медал е сепак напредок.
„Како тим се соочивме со премногу успони и падови, повреди, лоша резултатска серија, психолошки пад, суспензии што никако не смеат да бидат алиби за крајниот исход, но тоа е спортот и простор за разочарување нема. На крајот од денот покажавме карактер, се издигнавме над сè и можам да кажам дека сезоната е повеќе од успешна. Со овој тим и стручен штаб можам да најавам дека и следната сезона МЗТ Скопје ќе атакува на титула и ќе направиме уште еден исчекор напред.“ - додава Влатко.
За мотивацијата која владее во клубот и како тој ги мотивира неговите играчи, тој истака: „Мотивацијата и енергијата ја пренесуваме колективно сите заедно. Тимската хемија е клучот за успехот. Секој играч се мотивира на различен начин, така што принципот кај секоја индивидуа е различен. Секако дека ги користам сите средства, како јас така и останатите тренери сме во постојана комуникација и достапни за играчите во секое време. Пријателскиот однос помеѓу релација тренер-играч е клучен фактор за успех.“
Но, не освоија само бронза неговите играчи, имено јуниорскит тим кој е проект кој трае неколку години и кој е спојка и од млади таленти од сениорскиот тим и се натпреваруваше во третата македонска лига, веќе игра во првата лига.
„Еден од ретките примери е МЗТ Скопје каде е дадена шанса на младите играчи да се покажат и докажат со својот квалитет. Можеби и единствен пример кај нас каде еден клуб има два тима кои се натпреваруваат во сениорската прва лига. Младите играчи одлично ја искористија шансата и довербата од клубот па веќе добивме и први оптимистички резултати.“ - додава еден од најмладите тренери за младите таленти.
Двата тима со кои располага КК МЗТ, всушност се меѓусебна поддршка. Имено, повозрасните ги мотивираат оние помалите, за да се трудат повеќе: „Трендот кој го форсираме како клуб за создавање играчи од најмала возраст, планот и програмата на долгорочни планови, сите ресурси со кои располагаме и ги инвестираме во младите таленти се само по себе мотив за напредок и усовршување. Секако дека мотивот е уште поголем кога гледаат преку директен пример дека играчи неколку години повозрасни од нив имаат шанса и простор да го покажат најдоброто од нив во својот матичен клуб. Како што напоменав, МЗТ Скопје располага со 2 тима во првата лига. Едниот проект секогаш атакаува на највисок пласман како кај нас така и на интернационално ниво, додека вториот проект е базиран на млади играчи кои се претенденти за одлични кариери и ќе се надигруваат со сите други тимови. Од огромно значење е тој мотив не само за нашите дечиња, туку и за сите останати кои не се дел од нашиот клуб а имаат што да покажат.“
Иако се соочија со големи успони и падови, Влатко вели дека исходот од оваа сезона е и повеќе од задоволувачки: „Со сите селекции на играчи играме во завршница, односно Final 4. Вклучително и првиот сениорски тим кој игра финале против работнички. Турнирски успеси на интернационално ниво. Зимски и летен кошаркарски камп, минибаскет лига се само мал дел од широката лепеза на достигнувања оваа сезона. Ке ја класифицирам како успешна кошаркарска приказна која продолжува следната година со поголеми цели.“
Идните планови останаа неоткриени, но затоа добивме ветување дека следната година, односно сезона МЗТ ќе биде уште помоќен и ќе продолжи да фукционира во таа насока.
И. Мисајловска