Оваа учебна година не е уништена: Министерот Адеми ги смирува загрижените граѓани

Оваа учебна година не е уништена: Министерот Адеми ги смирува загрижените граѓани

Објавена во: Совети // School zone

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, заедно со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев на денешниот прес се обидоа да ја намалат загриженоста во врска со образовниот процес. Зборуваше за сите онлајн платформи кои им ги овозможиле како министерство на училиштата, преку кои учениците ќе може да работат од дома. Исто така ја истакна и едукативната програма „ТВ училница“ која се емитува на МТВ. 

„Јас не сметам оваа учебна година во моментов е уништена. МОН заедно со другите образовни институции има капацитет за да ја организира наставата. Дали преку различни училишни канали на комуникација или нешто друго, надрадувањето на нашите деца не смее да биде застанато. Многу светски земји преземаа чекори исто како ние.“ - истакна министерот Адеми.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: