Оваа варијанта е дури 75 пати позаразна од оригиналниот сој: Пет работи кои треба да се знаат за делта сојот
За првпат во повеќе од една година, има трошка надеж или барем претпазлив оптимизам дека може да заврши пандемијата. Но, експертите остануваат загрижени дека може да се врати поради нови мутации на вирусот, можеби дури и посилен.
Голема загриженост во моментот предизивика делта-варијантата на коронавирусот, многу заразна (и можеби поопасна), која за првпат беше идентификувана во Индија во декември минатата година. Брзо се прошири низ Индија, а потоа и во Велика Британија, предизвикувајќи сè поголем број на заразени и мртви. Првиот случај на делта-варијанта инфекција во Соединетите држави беше дијагностициран пред неколку месеци и бројот на заразени сега рапидно се зголемува таму. Делтата се шири и во Европа.
Специјалист за заразни болести од Медицинскиот факултет на универзитетот Јеил, Инци Јилдирим, не е изненаден од развојот на ситуацијата, пишува порталот ScienceAlert.
„Сите вируси еволуираат со текот на времето и се менуваат со ширење и реплицирање“ - рече таа.
Но, делтата е единствена во тоа колку брзо се шири, рече Ф. Пери Вилсон, епидемиолог на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил.
„Делта сигурно ќе ја забрза пандемијата низ целиот свет“ - рече тој.
Пет факти за варијантата делта:
# Делта е позаразна од другите варијанти
Делта е име за варијантата Б.1.617.2., мутација на вирусот САРС-КоВ-2 што првпат се појави во Индија. Првиот случај на инфекција со делта-варијанта беше идентификуван во декември 2020 година и за брзо време се рашири и стане доминантен во Индија, а потоа и во Велика Британија.
До крајот на јуни, делтата веќе претставуваше повеќе од 20% од случаите на инфекција во САД. Таа бројка рапидно расте, па се очекува наскоро да преовладува и во таа земја. Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека оваа варијанта на вирусот е „најбрза и најсилна“.
„Всушност е прилично драматично дека стапката на раст ќе се промени“ - рече Вилсон.
„Делтата се шири 50 проценти побрзо од алфа, што е за 50% позаразно од оригиналната варијанта на вирусот, што значи дека новата варијанта е 75% позаразна од оригиналната“ - додаде тој.
„Во целосно незадржливо опкружување, во кое никој не е вакциниран и не носи маска, се проценува дека просечно лице заразено со оригиналната варијанта ќе зарази уште 2,5 лица. Во истата околина, делтата ќе се прошири од една личност на можеби 3,5 или 4. Инфекцијата се шири експоненцијално и побрзо“ - посочи Вилсон.
# Ризик за невакцинираните
Најголем ризик се невакцинираните. Децата и младите исто така се причина за загриженост. „Неодамнешното истражување од Обединетото Кралство покажа дека децата и возрасните на возраст под 50 години имаат 2,5 пати поголема веројатност да се заразат со варијантата делта“ - рече Јилдирим.
„Бидејќи се вакцинираат постарите возрасни групи, оние помлади и невакцинирани ќе бидат изложени на поголем ризик од заразување со оваа болест отколку која било варијанта на КОВИД-19. Но, делтата се чини дека влијае на помладите возрасни групи повеќе од претходните варијанти.“ - додаде.
# Делта може да предизвика „хиперлокални жаришта“
Ако делтата продолжи да се шири доволно брзо за да ја забрза пандемијата, Вилсон вели дека најважните прашања ќе бидат преносливоста - колку луѓе ќе бидат заразени и колку брзо ќе се шири?
„Одговорите може да зависат делумно од тоа каде живеете и колку луѓе се вакцинирани на местото. На пример, слабо вакциниран град опкружен со високо вакцинирани области може да доживее вирусот да остане во неговите граници, а резултатот може да биде „хиперлокални жаришта““ -посочи Вилсон и додаде: „Ако премногу луѓе се заразат во една област одеднаш, локалниот здравствен систем ќе биде преоптоварен и повеќе луѓе ќе умрат. Затоа мора да бидеме многу загрижени.“
# Поинакви симптоми
Важното прашање е дали делта варијантата на вирусот потешко ќе ве разболи, во споредба со оригиналната варијанта на вирусот.
„Врз основа на следење на хоспитализациите во Велика Британија, варијантата е веројатно малку попатогена“ - рече Вилсон.
Иако се потребни дополнителни истражувања, првите информации за сериозноста на делтата варијанта вклучуваат истражувања од Шкотска, кои покажале дека во варијантата делта е двојно поверојатно дека невакцинираните ќе завршат во болница отколку во алфа варијантата. И вакцините значително го намалија тој ризик.
„Другото прашање се фокусира на тоа како варијантата делта влијае на човечкото тело. Постојат извештаи за симптоми кои се различни од оние поврзани со оригиналната варијанта на коронавирусот. Се чини дека кашлањето и губењето на мирисот се поретки. Се појавуваат главоболки, болки во грлото, течење на носот и температура, засновани се на неодамнешна студија во Велика Британија, каде повеќе од 90 проценти од случаите се заразени со варијантата делта“ - посочува Инџи Јилдирим.
Не е познато дали варијантата делта може да предизвика поголем имунолошки пробив, односно да зарази луѓе кои биле вакцинирани или имаат природен имунитет од претходна инфекција со коронавирус, што е досега реткост.
# Вакцинацијата е најдобра заштита од делта варијантата
За да се заштитите од варијантата делта, потребно е целосно да се вакцинирате, истакнуваат експертите. Ова значи дека мора да ги примите и двете дози на вакцината дадени во две дози и да ги чекате препорачаните две недели откако ќе се вакцинирате со втората доза за максимална заштита.
Дали варијантата делта ќе биде доволна да ги охрабри оние што можат да бидат вакцинирани да го сторат тоа? Никој не знае со сигурност, но тоа е можно, рекол Вилсон, кој ги советува сите што имаат прашања во врска со вакцинацијата, да разговараат со својот матичен лекар.
„Кога ќе се појават локални епидемии, процентот на вакцинации се зголемува“ - посочи тој.