Оваа водителка е поранешна сопруга на Марко Живиќ: Со него беше и по разводот, во најтешките моменти
Актерот Марко Живиќ почина на 49 годишна возраст, по тешката борба со коронавирусот.
Малку кој знаел дека Живиќ бил во брак со водителката на емисијата „Практична жена“, Наташа Павловиќ, која му беше најголема поддршка во најтешките моменти.
Марко во 2008 година беше опериран откако му беше откриено дека има малиген малигнен рак на хранопроводникот и желудникот, а во тие моменти со него беше и водителката.
Наташа и актерот во брак беа 4 години, а по разводот останаа во добри односи.
Наташа на Марко му беше и голема поддршка за време на бробата со болеста и тешката операција на хранопроводникот и желудникот. Иако никогаш не сакаа да зборуваат за причините кои довеле до крај на нивниот брак, некогашните сопружници во неколку наврати истакнуваа дека и по разводот останале големи пријатели.
Наташа по разводот со Марко се омажи за продуцентот Предраг Павловиќ, со кој доби два сина, додека актерот по крајот на бракот не зборуваше јавно за својот емотивен статус, но во една прилика истакна дека неостварена желба му е да стане татко.