Овде имала само 9 години: Сега ја гази петтата деценија и сигурно никогаш не би погодиле која позната дама е на фотографијата
Пред неколку денови наполни 40 години...
Во последните неколку години, мултиталентираната актерка оствари огромен успех на полето на глумата и покажа какви се нејзините реални можности.
Публиката ужива да ја гледа во бројните домашни остварувања, а многумина велат дека улогата на Дијана Ески во серијата „Игра на судбината“ е како пишувана за неа.
Својата актерска кариера, Јелена Гавриловиќ ја гради со години и за сите тие години поминала низ бројни улоги, кои покажале колку е талентирана.
Таа е една од ретките актерки кои имаат неверојатна моќ за трансформации, а за тоа сведочат и нејзините фотографии од најрано детство.
Имено, Јелена уште како мало дете покажа дека е многу креативна. Како девојче учествувала на бројни натрепреварувања, а еден спомен од тоа време сподели и на социјалните мрежи.
„Мислам дека ова е во трето одделение... додека музиката беше моја прва љубов...“ - напиша актерката во описот на фотографијата.
Уште во тинејџерскиот период во неа се разбудил интерес за рок музиката, толку што за време на бомбардирањето со другар основала рок бенд со кој свиреле во локалните кафулиња.
Подоцна, во текот на студиите нејзините вокални способности ги забележала професорката по пеење, Марија Симоновиќ поради што ја поттикнала да се занимава со музика.
Помеѓу двете големи љубови - кон музиката и глумата, ја одбрала глумата. И го направила вистинскиот избор, за што сведочат и бројните улоги како на телевизија, така и во филмовите и театрите.
Прво скалило кон остварувањето на нејзиниот сон и цел, бил уписот на Академијата за уметности во Нови Сад. Дипломирала во 2005 година во класата на професорката Вида Огњеновиќ и Љубослав Мајер.
фото: Принтскрин / Инстаграм