Овенот насилник - како те доживуваат другите со оглед на тоа кој хороскопски знак си?

Овенот насилник - како те доживуваат другите со оглед на тоа кој хороскопски знак си?

Овен

Сите автоматски помислуваат дека си насилник и дека не сакаш да им се извинуваш на другите. Кога ќе кажеш дека си Овен во хороскоп, тоа претпоставува дека си егоманијак и дека немаш милост кон никој кога сакаш да дојдеш до нешто. Луѓето малку се плашат од тебе.

Бик

Ти си личност за која сите веднаш помислуваат дека е пријателски настроена, но и дека е безмилосна. Личностите родени во овој знак секогаш се за природа и дружење, но тоа на луѓето за брзо им оди на нерви, затоа често гледаат како 'ова е оној идиот кој никогаш не знае кога е време за да запре'.

Близнаци

Луѓето те перцепираат како дволична личност која често не е искрена, ниту во своите намери, ниту во она што го зборува. Освен тоа, ве доживаат и како личност која секогаш кажува работи кои не треба. Тоа се само некои од причините поради кои е тешко да имаат доверба во тебе, а тука е фактот дека си личност која лесно ги повредува другите.

Рак

Првата работа која луѓето ја помислуваат за тебе е дека цел ден седиш дома, јадеш, чистиш и си ја уредуваш собата и дека доколку немаш потреба, нема да излезеш од својот дом. Поради тие квалитети на сите си им драга личност, но не и материјал со кој би се дружеле. Начинот на кој се однесуваш кон се - дека се е супер, убаво и прекрасно, дава впечаток дека си неискрена личност.

Лав 

Нема многу размислување кога некој ќе каже дека е Лав во хороскоп, на сите веднаш им е јасно дека тоа е личност со големо его и која секогаш сака и мора да биде во центарот на вниманието. Но, не е се така лошо, родените во знакот на Лав се и талентирани и способни луѓе со одличен став.

Девица

Од некоја причина, Девицата сите ја гледаат како знак кој седи и молчи во ќошот на една просторија и тивко се осудува со поглед. Даваш впечаток дека сите те нервираат, дека никој не е мил и дека на сите ќе им биде подобро доколку се тргнат од тебе. Затоа сите сметаат дека имаш недостаток на толеранција.

Вага

Иако родените во знакот на Вага би требало да бидат добро избалансирани, другите го немаат тоа мислење. Кога некој ќе каже дека е Вага во хороскоп, перцепцијата која се јавува кај другите е дека ти си лажливец и дека никогаш не го кажуваш она што навистина го мислиш, затоа што се плашиш да не повредиш некој.

Скорпија

Мислењето кое луѓето го имаат за Скорпиите е се, само убаво не. Овој хороскопски знак никогаш не се поврзува со среќа и веселба, туку сите за тебе мислат дека си чудовиште облечено во црна облека кое само чека да ги уништи луѓето околу себе.

Стрелец

Човек кој секогаш се држи на стрна и мрази држење?  Тоа се Стрелците! Барем во главата на другите. Иако луѓето ќе те доживеат како паметна личност, тоа нема да биде во добар контекст. Те гледаат како бубалица, која не ја итнересира ништо друго освен знаењето и како личност која не знае да се дружи.

Јарец

Застрашувачкиот Јарец сите со радост би го избегнувале, доколку немаат потреба да му се приближат. Луѓето те гледаат како строга личност, непопустлива во своите ставови и некој кој е исклучително скржав. Покрај тоа, делуваш застрашувачки, но мудро.

Водолија

Впечатокот кој те следи, воопшто не е добар, но тешко дека тоа лесно ќе го промениш. Сите те доживуваат как онекој кој без проблем на другите им забива нож во грб и затоа луѓето тешко се опуштаат во твое друштво. Сите знаат дека на Водолиите не може да им се верува и дека лажењето им оди од рака.

Риби

Доколку некогаш те интересирало што другите мислат за тебе, размисли уште еднаш, можеби нема да сакаш да го знаеш ова. За жал, перцепцијата која луѓето ја имаат за Рибите е дека се плашливци, луѓе кои секогаш шират депресивна енергија, постојано се жалат на нешто и некој и кукаат дека им е тешко. Никој не сака да се расправа со твоето самосожалување и да ги слуша твоите јадови.


Извор: teen385.com

Можеби ќе ве интересира: