Овие 15 прашања ќе ви откријат дали вашата врска ќе потрае

Овие 15 прашања ќе ви откријат дали вашата врска ќе потрае

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Заљубеноста е неверојатно чувство, но поради тоа често сме помалку пресметливи и необјективни, па дури и лошите врски кои однапред се осудени на пропаст, ги гледаме низ розеви наочари.

Професорот по психологија кој се занива со меѓучовечките односи и основачот на порталот „Science Of Relationships“, Гери Левандовски, составил 15 прашања кои според него би ни помогнале да ја дешифрираме дали романтичната врска во која сме е добра за нас.

# Ве прави ли партнерот или вие него подобра личност?

# Дали ви е удобно за да ги споделувате чувствата, се потпирате ли еден на друг, дали сте блиски и дали се грижите дека другата личност ќе ве остави?

# Се прифаќате ли еден со друг такви какви што сте, не пробувајќи едниот да го промени другиот?

# Кога околу нешто не се сложувате, комуницирате ли со почит, без замерување или негативност?

# Споделувате ли одлуки, моќ и влијание во врската?

# Дали вашиот партнер ви е е најдобар пријател или вие негов?

# Повеќе размислувате како „ние“ или како „ти“ и „јас“?

# Дали меѓусебно си ги доверивте лозинките на социјалните мрежи?

# Имате ли добро мислење еден за друг?

# Сметаат ли вашите блиски пријатели дека имате добра врска која ќе ги надмине проблемите?

# Имате ли исти ставови кога се во прашање религијата, важноста на бракот, семејството и слично?

# Дали сте и двајцата би ги жртвувале сопствените потреби, желби и цели за другиот?

# Имате ли удобни и емоционално стабилни односи?

# Дали сте сексуално компатибилни?

Доколку на поголемиот број прашања одговоривте со „не“, врската најверојатно нема да ви потрае. Левандовски напоменува дека некогаш раскинувањето може да биде добра работа, секако подобра отколку да останете во лоша врска. Како што вели, разделбата само ве ослободува за составање на потенцијално прекрасни ѕвезди, но со некој друг.

Доколку на поголемиот број прашања одговоривте потврдно, вашата врска има иднина и многу е веројатно дека сте со оној Вистинскиот и Вистинската.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: