Овие инфлуенсери заработуваат милиони, а всушност воопшто не постојат: Како е тоа можно?
Виртуелните инфлуенсери стануваат сѐ популарни. Тие се поевтини од вистинските модели и никогаш не стареат...
Најпопуларните виртуелни модели во светот се однесуваат како и секој друг инфлуенсер, иако, барем во општа смисла на зборот, тие дури и не постојат, или поточно постојат исклучиво во дигиталниот простор.
Меѓутоа, тоа не ги спречува да покажуваат интерес кон американските претседателски избори, да го кажат своето мислење за релевантни теми и да ги рекламираат најголемите светски брендови.
Микејла Сусе, попозната како Лил Микуела, заработува околу 400.000 денари за секоја фотографија што ќе ја објави на Инстаграм.
Меѓутоа, таа сигурно не го троши својот приход, бидејќи не е жива личност, туку дигитален аватар создаден од страна на компанијата „Brud“.
Значаен дел од нејзиниот годишен приход од скоро 450.000 милиони денари ѝ пристигнува благодарение на соработката со модните куќи.
Вториот најпопуларен дигитален лик, Noonoouri, заработува скоро 75.000 денари за секоја објава на Инстаграм.
Виртуелната девојка со розова коса, Seraphine исто така станува сѐ популарна, на Инстаграм веќе има 450.000 следбеници.
Инфлуенсерката е создадена од страна на компанијата „Riot Games“, а кога доби голема популарност нејзиниот аватар го вградија и во една видео игра.
„Соработката со виртуелните инфлуенсери е поевтина од онаа со луѓето. Покрај тоа, во потполност можеме да ги контролираме, може да се појават на повеќе места одеднаш, и што е најважно, никогаш не стареат и не умираат“ - рече Кристофер Треврс, основачот на virtualhumans.org каде секоја компанија може да си нарача свое виртуелно заштитно лице.