Овие љубовни песни ќе бидат апсолутен хит во 2019!
Набрзо доаѓа и денот на вљубените и иако 2019 година само што започна, многу музичари веќе ги најавија љубовните песни кои ќе ги пополнуваат музичките топ листи.
Од тазе оженетиот Џастин Бибер, па се до Камила Кабејо, погледнете што ни подготвуваат омилените изведувачи оваа година.
Аделе – во најава е нов албум, на кој сигурно ќе има нови песни за скршени срциња, но и нови љубовни песни.
Д Викенд – секоја негова љубовна песна е преубава, па едвај чекаме да слушнеме што ќе ни отпее оваа година.
Ариана Гранде – по синглот „Imagine“, веруваме дека новите љубовни песни ќе не остават без зборови.
Карли Реј Џепсен – пејачката уште не открила каков ќе и биде новиот албум, но судејќи по претходниот, не очекуваат многу љубовни песни.
Мајли Сајрус – пејачката е заљубена до уши, па веруваме дека своите чувства ќе ги преточи во песни оваа година.
Шон Мендес и Камила Кабејо – ова моќно дуо работи на заедничка песна, која е продолжение на „Tell Me What You Did Last Summer“.
Џастин Бибер – судејќи по тоа дека е во голема љубов, сигурно на новиот албум на Џастин ќе се најдат многу нови љубовни песни.