Овие прашања биле на тестот на тригодишниот член на Менса: Можете ли да ги решите вие?

Овие прашања биле на тестот на тригодишниот член на Менса: Можете ли да ги решите вие?

Објавена во: Совети // Тестови

Минатата година Менса го доби најмладиот член на сите времиња, двегодишната Каше Куест, која титулата „најмлада“ ја резеде од Дајал Каур, која во клубот на најпаметни беше примена на тригодишна возраст.

За на само две и три години да влезат во тој одбран клуб, Каше и Далај морале да добијат и одобрение од официјалниот психолог на Менса, Лин Кендал, инаку авторка на книгата „Бријантен IQ: Дарба или предизвик“. Таа неодамна на барање на порталот „Birmingham Live“ се согласи со сите да сподели некои од прашањата кои се наоѓаат на тестот кој за влез во Менса го решавала тригодишната Далај.

# 1 прашање

Соберете три од доленаведените броеви за да го добиете бројот 60. Колку различни комбинации постојат?

2; 3; 5; 10; 15; 20; 25; 50.

# 2 прашње

Која буква би требало да биде на местото на прашалникот?

# 3 прашање

Кој број недостасува во следната низа?

4; 9; 16; 25; ?; 49; 64; 81.

# 4 прашање

Замислете дека користите обичен калкулатор и ги притискате математичките знаци по ред, заменувајќи го секој прашалник со еден математички знак. Знаковите за одземање, собирање, множење и делење може да се користат само еднаш. Кој е најголемиот број кој може да го добиете?

6 ? 2 ? 2 ? 4? 2 =

# 5 прашање

Испишете го овој квадрат со буквите МЕНСА. Кога ќе завршите, треба ниту еден ред, ниту една колона, ниту дијагонална црта да не ја содржи истата буква повеќе пати. Која буква би требало да се замени со прашалникот?

Одговорите може да ги прочитате на


Следна страна

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: