Овие знаци откриваат: Како да познаете дали вашата врска е сериозна или не?
Може да зборувате дека сте сериозно заедно, но овие ситници откриваат дека тоа не е така.
Заборавете на зборовите, гледајте ги делата, тие ќе ти откријат многу повеќе. Доколку не си сигурна дали сака нешто сериозно со тебе или сето тоа му е кратка забава додека не се појави некоја друга девојка, овие работи ќе ти ја разјаснат ситуацијата.
Секоја врска е поинаква и не може да се споредува, но доколку овие знакови или поголемиот број од нив се поклопуваат и сфаќаш дека се однесуваат и на твојата врска, тоа нешто кажува.
# Никогаш не сте сами, туку секогаш сте во друштво
Треба да имате на ум дека емоционалната приврзаност секогаш се случува во приватност, а не во друштво.
# Не одите на состаноци
Состаноците ви се договорени секогаш во последен момент, а најчесто се случуваат кај некој дома. Доколку вие се прилагодувате на слободното време на вашиот партнер, а тој на вашето не, тоа може да биде знак за аларм.
# Се уште бара некој
Доколку забележите дека во живо или онлајн вашиот партнер бара некоја друга личност за разговор или за дружење, тоа значи дека со вас не ја гледа иднината, туку сте само нешто „привремено“.
# Не знае важни детали за вас
Доколку партнерот не ги знае ситниците кои ви се важни, тоа воедно значи дека не е заинтересиран за вас и вашите желби, цели, настани и слично.
# Не ве вклучува вас во содржината на своите друштвени мрежи
Доколку партнерот не го прави тоа, веројатно не сака никој да дознае за вас, но тоа не мора секогаш да биде случај, бидејќи некои едноставно сакаат својата интима да ја задржат за себе.