Овој ден го чекам цел живот: Сузана Гавазова е пресреќна што нејзините ќерки ја избраа музиката (ФОТО)

Овој ден го чекам цел живот: Сузана Гавазова е пресреќна што нејзините ќерки ја избраа музиката (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Доказ дека крушата под круша паѓа...

Покрај тоа што е успешна во својата професија, за Сузана Гавазова слободно можеме да кажеме дека е успешна и во приватниот живот. Таа со својот сопруг две ќерки - 7-годишната Селена и 8-годишната Емили, а дека тие се центарот на нејзиното внимание говорат и фотографиите и видеата кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи.

Сега, повторно сподели неколку фотографии и видеа од своите наследнички и тоа посебен повод. Не, не им беше роденден, туку пејачката ги искористи социјалните мрежи за да се пофали колку е горда на своите две ќерки.

Имено, Селена и Емили, беа дел од детскиот фестивал „Вртелешка“, кој се одржува во Струмица. Гордата мајка, секако го проследи настапот на своите ќерки, а на социјалните мрежи напиша дека цел живот го чекала овој ден.

„Многу сум среќна што тргнуваат по патот на музиката! Овој ден го чекам цел живот!“ - напиша пејачката на видеото на кое пеат и танцуваат Селена и Емили.

Потоа следуваа уште неколку видеа и фотографии, како и семејната фотографија, на која позира целото семејство - Сузана, нејзиниот сопруг и двете идни музички ѕвезди.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: