Бог да ти ги отвори сите среќни врати: Постарата ќерка на Сузана Гавазова наполни 8 години (ФОТО)
Познатата македонска фолк пејачка Сузана Гавазова вчера имаше голем повод за славење. Имено нејзината првородена ќерка Емили славеше роденден.
Пејачката по тој повод сподели неколку фотографии од својата наследничка и со емотивни зборови ѝ го честиташе роденден.
„Радоста вечно да те следи, твоето срце никогаш да не страда! Господ да ти ги отвори сите среќни врати! Те сакам ќерко моја мила, денес имаш 8 години да си жива и здрава, да ти се множат годините, среќен роденден, мама те сака најмногу на свет!“ - напиша Гавазова покрај фотографиите од својата наследничка.
Инаку, Емили оваа година ќе го заврши првото одделение. Таа и нејзината помала сестра Селена често се појавуваат на профилите на социјалните мрежи на нивната мајка - некогаш танцуваат, некогаш тоа се видеа и фотографии од нивните заеднички авантури, а некогаш тоа се моменти од нивниот семеен дом.
фото: Принтскрин / Фејсбук