Овој пат е во право: Фотката на која Кајли Џенер ја исмева црнечката култура е лажна

Овој пат е во право: Фотката на која Кајли Џенер ја исмева црнечката култура е лажна

Објавена во: Мода // Moj стил

Кајли Џенер во последните неколку недели имаше значител број на скандали на Инстаграм, а поголемиот број од нив го вклучуваат фотошопирањето на фотографиите. Меѓутоа, сега се случи сосема обратна ситуација - фотка на Кајли била фотошопирана од страна на некој на интернет, па започна да кружи лажна информација дека Кајли се обидува да ја украде црнечката култура и да и се потсмева.

На Интернет започна да кружи фотографија, која наводно е скришот од профилот на Кајли, кој на прв поглед изгледа потполно нормално - додека не се погледне описот на фотографијата, во кој пишува „девојка со кафена кожа“. Познато е дека многу познати личности сакаат да го користат т.н. тен од спреј, кој прави нивната кожа на поздрав начин да добие потемна нијанса. Она што е голем проблем е тоа што некои ѕвезди претеруваат со оваа метода, па често изгледаат како „црнкињи“, што на некој начин е потсмевање на црнечката култура и на некој тоа навистина му пречи.


Кајли на својата нова фотографија изгледа сосема нормално, малку исплашено, меѓутоа тој опис сосема го привлече вниманието, па сите повторно почнаа да ја навредуваат. Обожавателите на Кјали веднаш забележаа дека тука нешто не е во ред и започнаа да истражуваат. Таа често е позната по тоа дека често се предомислува кога се во прашање фотографиите и описот кој го пишува, па на некои од нив воопшто не им беше чудно таа да го промени описот.

Меѓутоа, на крајот и таа лично се обрати, велејќи дека таа фотографија е фотошоп и дека описот на вистинската фотка е „девојка со кафени очи“ и дека тоа некој го фотошопирал во „девојка со кафена боја на кожа“. Нагласи дека единственото нешто што го променила бил распоредот на екотиконите покрај текстот.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: