(ФОТО) Повторно… Кајли Џенер обвинета за лош Фотошоп!

(ФОТО) Повторно… Кајли Џенер обвинета за лош Фотошоп!

Објавена во: Мода // In and Out

Кајли Џенер претходно имаше многу Photoshop fails, некои многу очигледни и забележителни, додека за некои, беа потребни многу обожаватели со остри очи да се забележат. Овој пат, една од нејзините постари постови се појави на површина, а Celeb Face, популарен портал, го привлече вниманието на ова.

На фотографијата, Кајли носи тесен бел костум пред огниште, со кафеава коса врзана во коњско опавче. Ова беше за време на карантин: „Деновите ми се состојат од состаноци на Зум и играње со облека“. 

Сепак, критичарите брзо ја обвинија дека ја уредувала фотографијата во Фотошоп, истакнувајќи ги искривените линии на огништето зад неа. Celeb Face на својот портал ја објави сликата на Кајли, со црвена стрелка со ознака - знак дека фотографијата била уредувана во Photoshop.

Луѓето коментираа дека Кајли може да ангажира некого да ги фотошопира своите слики, наместо да се посрамотува вака, а некои рекоа дека таа треба да го замени својот „уметник“ за Фотошоп. Едно лице дури и праша зошто Кајли е сè уште позната, по бројните срамни фотографии како ова.

Се надеваме дека таа (и нејзините сестри, кои не се подобри од ова) ќе започнат правилно да ги користат своите социјални мрежи, затоа што без оглед каков начин на живот води, таа е идол на многу млади луѓе ширум светот.

извор:famoza.net
фото:celebface

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: