Ова е двојничката на Кајли Џенер: Ѝ нуделе пари да ја глуми

Ова е двојничката на Кајли Џенер: Ѝ нуделе пари да ја глуми

На Габриел Вотерс од Мичиген отсекогаш и велеле дека многу наликува на сестрите Кардашијан / Џенер, особено Кајли, па решила да купува колку што е можно повеќе шминка од брендот на Кајли, во обид да изгледа што повеќе како нејзиниот идол. Нејзината идеја и' донесе работа како модел, партнерство со големи компании како Pretty Little Thing и Fashionnova, со кои самата Кајли понекогаш соработува.

Гарбиел толку многу личи на Кајли што на 25-годишната девојка дури и' понудиле стотици фунти да позира со трудничко стомаче во 2017 година, преправајќи се дека е Кајли додека ријалити sвездата ја криеше бременоста, но таа ја одбила бизарната понуда.

„Кога бев помлада, немав идеја кои се Кардашијан. Но, татко ми беше обожавател на „Keeping Up With The Kardashians“ и секогаш ми велеше дека изгледам како најмалата сестра. Кога имав околу 17 години, започнав да добивам многу коментари на мојот Инстаграм, дека изгледам како Кајли, па видов дека имаме сличности. Тогаш дојде до тој степен што странците ме запираа на улица, велејќи: „Дали некогаш ти кажале дека личиш на Кајли Џенер?“ Се уште се случува тоа цело време. Обично кога ќе излезам, најмалку 6 до 15 луѓе ќе ми пријдат, нарекувајќи ме „Кајли Џенер“, рече Гарбиел.

„Еднаш во авион некој почна да вреска - о Боже мој, тоа е Кајли Џенер“. Но, обично луѓето велат: „На 10 секунди мислев дека си Кајли“. Имам 49.000 следбеници на Инстаграм, но не би се сметала себеси за влијателна, мислам дека луѓето најчесто ме следат затоа што Кајли има многу обожаватели, а јас изгледам како неа “, заклучи таа. Дали оваа девојка ви личи на Кајли и дали мислите дека би ги „помешале“ во јавноста?

извор:famoza

Можеби ќе ве интересира: