Повторно на мета: За што е обвинета овојпат Кајли Џенер?
На Кајли Џенер се почесто и се случуваат „пропусти“ кои ја загрозуваат нејзината кариера. Откако наводно ја лажираше својата вредност, па следуваше неподдржувањето на движењето Black Lives Matter, сега „заборави“ да ги додели заслугите на брендот чиј фустан носеше.
На својот Инстаграм профил, Кајли објави серија фотографии во преубав фустан кој совршено ја истакнува нејзината фигура, а она што луѓето особено ги налути беше фактот што Кајли не го тагнала дизајнерот на фустанот, не толку познатото Loud Brand Studios, кој го води црнкиња. Луѓето потоа започнаа масовно да го тагнуваат брендот во коментари, кои судејќи по се Кајли сигурно ги видела, бидејќи истите тие коментари потоа масовно исчезнаа од нејзиниот профил, за на крајот да бидат потполно ограничени.
Кајли по ова беше уште повеќе нападната, па потоа се јави на Твитер: „Зошто некогаш би ОДБИЛА да го тагнам брендот и да ги бришам коментарите. Ова е потполно неточно. Мислам дека брендот е одличен и сакав да покажам поддршка и ќе продолжам да го правам тоа. Сите погледнете го Loud Brand Studios.“ Потоа се јави и сопственичката на брендот, која се заблагодари на поддршката, бидејќи фустанот потполно се распродал.
ok this is just a reach. why would i ever REFUSE to tag a brand and block comments. this is completely false. i think this brand is amazing and i wanted to show support and will continue to do so. everyone go check out @LoudBrndStudios https://t.co/r7oWRMNwoK
— Kylie Jenner (@KylieJenner) July 7, 2020
Кајли исто така на својот Инстаграм профил даваше назнаки дека и недостасува поранешното момче и татко на нејзината ќерка Сторми, Травис Скот, бидејќи покрај фотографијата на која е во провокативно издание напиша: „Единствена работа која ми недостасува си ти.“ Не знаеме како точно ова да го сфатиме, но многу обожаватели и медиуми тврдат дека овде станува збор за Травис, со кој таа не е од октомври минатата година.