Озборувања за познатите: „Обични“ луѓе кои ги познавале пред популарноста открија кој е добар, а кој не
Некои се навистина добри...
Некои имале среќа да ги познаваат денес популарните ѕвезди, додека уште не биле популарни. Какви биле пред популарноста и кој уште тогаш јасно покажувал дека е добар човек, а кој и не баш?
За познатите го знаеме само она што тие ќе одлучат да ѝ го покажат на јавноста и како сакаат да се претстават. Тоа може, но и не мора да биде слика за тоа какви се всушност тие. Многу од нив не се родини во познатите семејства и се прославиле благодарение на среќата и својот талент. А, какви се всушност како личности? Оние кои ги познавале пред да станат познати, за „Buzzfeed“ откри сочни информации за нив. Некои се покажаа како прекрасни и драги луѓе, а некои уште тогаш биле разгалени и се однесувале како да се главни на светот.
# Џо Кири
Актерот кој се прослави со улогата на Стив Харингтон во серијата „Stranger Things“ делува како добро момче и изгледа дека навистина и е. Една девојка која одела со него во средно училиште кажа дека се движеле во ист круг на луѓе и дека е многу драг, смешен и дека на сите уште тогаш им било јасно дека е супер талентиран. Никогаш не правел никакви проблеми, ниту се однесувал дека поради тоа е подобар од другите.
# Меган Ди Сталион
Пејачката која изгледа како некој кој би можел да биде опасен, само дава таков впечаток, бидејќи реалноста е поинаква. Некој кој одел со неа во средно училиште кажа дека била драга и топла кон сите. Тип на личност која шири позитивна енергија. Била забавна и знаела да се шегува на своја сметка и била екстремно позитивна личност.
# Брајс Хол
А, сега не толку убави зборови. Познатиот ТикТокер во средно училиште бил сосема друга приказна наспроти овие две порано спомнати познати личности. И тоа го потврдиле дури две личности. Бил толку разгален и тип на личност која проблемите ги решавала со физичка пресметка. На училиште на сите им одел на нерви, бидејќи егото му било поголемо од него. Не бил популарен во училиште и на никој не му е јасно зошто луѓето толку го сакаат денес.
# Оливија Родриго
Една девојка раскажа дека нејзината постара сестра одела во ист клас со Оливија и дека често се дружеле, оделе една кај друга, и дека Оливија била мила и пристојна. Раскажа и ституација дека сите момчиња од нејзиниот клас се шегувале со некое девојче, а кога Оливија го видела тоа, застанала на нејзина страна и ѝ помогнала да се одбрани. Секако, успеала во тоа.
# Мајли Сајрус
Мајли не била секогаш волку позната како денес, туку само доаѓала од семејство каде некој е популарен (нејзиниот татко). Додека уште одела во училиште, пред ерата на Хана Монтана, била сосема драга и нормална. Не се однесувала дека е поразлична од другите и со сите имала одличен однос.
# Дов Камерон
Дов станува сѐ попозната и популарна, но додека одела во средно, сето тоа за неа било само сон. Девојката со која била блиска, раскажа дека ја памети како некој кој е драг и многу талентиран. Била нова во училиште тогаш и се сеќава дека била многу срамежлива и повлечена, но дека била и добра пријателка. Не ја криела желбата да биде актерка/пејачка, но дека никогаш не се фалела со тоа. Во секој случај, оваа девојка вели дека Дов е едно одлично човечко битие.
фото: Принтскрин / Инстаграм