Паднаа маските, јасно е како ќе завршат Шок и Паша-големо финале на серијата ,,Клан 3“
Серијата инспирирана од Земунскиот Клан ја добива својата звршница. Публиката не мора долго да чека за да види каков ќе биде крајот на „Клан“, бидејќи финалето на оваа трилогија, новите уште повозбудливи 8 епизоди од 14 октомври стартуваат на Gley.
Дејствието започнува со политички атентат. Иако јавноста во Србија ова го поврзува со убиството на тогашниот Премиер Зоран Ѓинѓиќ и полициската акција ,,Сабја“од 2003 година, сепак креаторот на серијата Бобан Секрлиќ вели дека тоа е имагинарен атентат.
Додека во првите две сезони го следевме подемот на криминалниот клан под водство на бескрупулозните Шок и Паша, последната сезона ни ја носи приказната за нивниот личен пад, но и за пропаѓањето на нивната организација, која длабоко е навлезена во сите пори на општеството.
Низ многу трагикомични ситуации, со уште поголема динамика, новите епизоди ќе ни покажат како се стеснува кругот околу кланот, додека криминалната империја на Шок и Паша се руши како кула од карти, а сите нивни злодела се скапо платени.
Секрлиќ се обидел да се занимава со поновата историја на Белградскиот живот, да си поигра со жанровите но и да го претстави криминалците во вистинско светло. Да добијат онаква завршница каква што навистина заслужуваат, а не да бидат витези на асфалтот и ликови на кои им се воодушевуваат.
Целосното уништување на криминалната организација ќе го предводат протагонистите на серијата Александар Димитријевиќ (Шок) и Недим Незировиќ (Паша), ликови инспирирани од водачите на Земунскиот Клан, Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум.
-,, Шок и мојот лик завршуваат во кал, како што заслужуваат. Тоа е една од причините зошто тргнав на ова патување. Серијата нуди широк спектар на одговори и ја прикажува духовната смрт на група луѓе“ - објаснил Незировиќ.
Оваа серија се обидува да ја задржи моралната вертикала со крајна цел- победа на правдата.
Покрај Димитријевиќ и Незировиќ, останатата актерска екипа ја сочинуваат: Владимир Ковачевиќ, Ненад Ј. Поповиќ, Младен Совиљ, Иван Зариќ, Феѓа Штукан, Урош Јовчиќ, Милош Петровиќ Тројпец, Горица Поповиќ, Љубинка и многу други.