Палавиот Денис го нервираше господинот Вилсон, а на децата им го разубави детството: Како изгледа денес познатиот актер? (ФОТО)

Палавиот Денис го нервираше господинот Вилсон, а на децата им го разубави детството: Како изгледа денес познатиот актер? (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Филмот за малото момче кое постојано прави палавштини, им ги разубавуваше деновите на децата во 90-тите. „Палавиот Денис“, е филм на кој сите се сеќаваат, а еве како изгледа денес ликот на момчето, кој го глумеше Мејсон Гембл, кој тогаш имаше само 7 години.

На аудицијата за филмот се пријавиле 20.000 деца, а токму Гембл го избрале за улогата на Денис. Приказната за Денис е слична на онаа во филмот „Сам дома“.

Филмот ги следи лудориите на седумгодишното момче откако неговите родители патуваат надвор од градот и го оставаат да го чува брачната двојка Вилсон. Господин Џорџ Вилсон едноставно полудува во друштво на Денис, не сфаќајќи дека момчето навистина сака само да се забавува и да им служи дури и на крадците кои демнат. Филмот ги освои наградите „Golden Screen“ и „Young Artist“.


Филмот кој ги следи авантурите и несреќите на момчето Денис е снимен во 1993 година. Симпатичното русокосо момче тогаш имало 7 години, а денес Гембл има 36 години и изгледа многу привлечно.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: