Палешка навистина постои: Има 18 години, 10 кг. и се вика Кенди (ВИДЕО)

Палешка навистина постои: Има 18 години, 10 кг. и се вика Кенди (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Таа преживеа и покрај црната прогноза. Понекогаш носи облека за кукли, а веќе се испробала и како актерка

Нема кој не ја прочитал бајката за Палешка, минијатурна девојка која можеше да застане на сечија дланка.

И кога природата си поигрува, тогаш се случува таа да постои и во реалниот живот. Можеби не може да ви застане на дланката, но Кенди Џордан Бромели, покрај тоа што е шармантна, е вистинска минијатура.

Кенди е родена со многу ретки карактеристики - исклучително џуџест изглед. Таа сега има 18 години, оди во средно училиште и се обидува да не се разликува нејзиниот животен стил поинаков од оној на нејзините врсници.

Кога се родила, лекарите се плашеле дека воопшто нема да преживее повеќе од една недела.


Сепак, се покажа дека Кенди е вистински борец и исклучително храбра девојка, па преживеа и покрај црната прогноза.

Уште додека била во стомакот, било очигледно дека е поинаква. Имено, нејзината мајка била крајно загрижена кога стомакот не и се зголемил значително за време на бременоста. Лекарите ја тешеле со зборовите дека сè е нормално и дека не треба да се грижи премногу. По некое време, жената родила дете тешко само 1 килограм. Екстремитетите на бебето биле слабо развиени, таа едвај растела Родителите биле сериозно загрижени затоа што ниту лекарите не им дале надеж. Детето изгледало како кукла.

Таа е вистински пример за тоа што може да направи силна волја за живот. Таа продолжи да живее и покрај сите лоши прогнози. Денес, Кенди обожава пливање, игра хокеј, им помага на своите родители во домашните обврски и сето тоа и покрај нејзината кревка физичка состојба и здравје.


Таа сака да се дружи, затоа има многу пријатели, и како и секоја тинејџерка, таа сака да се преслекува. Поради својата мала големина, таа често носи гардероба за кукли, бидејќи тежи нешто повеќе од 10 килограми.

И како што обично се случува, нејзиниот необичен изглед го привлече вниманието на режисерката Елен Смит, која ја покани да глуми во филмот. Така Кенди ја доби главната улога во филмот, каде игра улога на минијатурна девојка која е родена со крилја наместо со раце.

Поради оваа улога, Кенди одлучи дека глумата ќе биде нејзино идно занимање, затоа немојте да се изненадите кога ќе ја видите во блокбастер.

Патем, на оваа планета има вкупно околу сто луѓе со оваа генетска структура.

Погледнете ја приказната за Кенди:


Izvor: 24sedam.rs

Foto: printskrin/Youtube


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: