Пандемијата дебелее: Новиот ТикТок предизвик им помага на луѓето да ги прифатат вишокот килограми насобрани од почетокот на короната
Пандемијата на коронавирусот целосно го промени начинот на кој живееме. Поради работењето и учењето од дома и затворени спортски сали и фитнес центри, сите ние се движевме помалку.
Како резултат на овие промени, многумина качија малку повеќе килогрмаи во последните неколку месеци, а последниот тренд на ТикТок ги покажува луѓето кои гордо ја прифаќаат својата нова килажа.
Имено, корисниците на ТикТок споделија фотографии кои покажуваат како изгледале на почетокот на 2020 година, а како изгледаат сега и заклучокот е дека пандемијата прилично ги здебелила.
@niebsy ##glowupchallenge ##glowdowncheck ##foryoupage ##StrikeAPosay
2020 glow up - Katie Clark
Една жена сподели две селфиња, од почетокот и од крајот на годината. На првото има рамен стомак, а на второто поширока половина и поголем стомак.
„И тоа е во ред“ - напиша таа во описот на објавата, а овој предизвик навистина им помага на луѓето да се прифатат себе со оглед на тоа што вишокот килограми никој не може да ги поднесе лесно.
Оваа ТикТокерка е само една во низата луѓе кои прифатија да покажат дека за време на пандемијата, дебелеењето било неизбежно.
@chloe_xandria Few lbs heavier and a whole lot happier ##normalizenormalbodies ##bodypositive ##bodypositivity
you just look so beautiful. - Gestopt