Парчиња облека кои игледаат убаво и кул, но во реалноста се кошмар за носење
Ова се оние парчиња облека кои секогаш не привлекуваат, но доколку ги облечеме, брзо ќе се покаеме за таа одлука...
Затоа со задоволство заштеди си ги парите и нервите, со тоа што ќе го прескокнеш носењето на овие модни тренодви и парчиња облека. Повеќе ќе те изнервираат, отколку што вредат, а еве за кои модни парчиња станува збор:
# Свилен костим
Костимот кој е направен од свила или некоја имитација на свила е тежок за одржување и откако ќе го облечеш во истиот момент ќе забележиш дека се изгужвал. Ваквите костими може да изгледаат многу убаво кога ќе видиш како Џиџи Хадид ги носи на модните писти, даваат поинаква перцепција отколку вообичаено - и особено доколку е во некоја боја. Во реалноста за 15 минути ќе се покаеш за купувањето. Освен што многу се гужваат, го нагласуваат и телото поради сјајот и материјалот, а доколку не си во потполност задоволно со секоја облина на телото, ова нема да ти помогне да сокриеш било што.
# Бициклисти
Некои го обожуваат овој тренд, други сметаат дека е апсолутно смешен. Но, во реалноста, ваквите шорцеви одговараат убаво на девојки кои се високи и кои имаат обликувано тело. На остантите воопшто нема да изгледа убаво. Ваквите шорцеви визуелно ги намалуваат нозете, ги нагласуваат колковите и ја обликуваат ногата - на оние кои што ова не им оди во корист, нема да изгледаат убаво.
# Зимски комбинизони
Комбинезоните за зима изгледаат слатко, топли се и изгледаат како одличен начин за да се спречи снегот да не влегува под облеката. Изгледаат одлично на девојки кои сакаат да ја нагласат својата фигура. Но, да се носи нешто вакво на неделно ниво? Или скеој ден? Нема шанси! Ќе го облечеш за некоја кул фотографија во снег и тоа е тоа. Каде можеш да одиш во нешто вакво? Сигурно не по продавници и на кафе, нели?
# Светли чевли од превртена кожа
Чизми, чевли, патики, било што од светла превртена кожа не е иделен избор на обувки за секој ден. Изгледа убаво и елегантно, но на ваквите чевли треба да се внимава постојано. Ќе се замачкаат за секунда, а една мала дамка на нив може да изгледа неуредно, бидејќи лесно доаѓа до израз на светлата кожа.
# Проѕирни чанти
Уште еден моден тренд кој изгледа кул, но во секојдневниот живот тешко дека ќе можеш често да носиш проѕирни чанти. Навистина се супер, но сакаш ли навистина на овој начин да им покажеш на сите што носиш во чантата? Ограбувачите се насекаде, а ти со ова им олеснуваш. Некои од овие чанти се носат на начин што во проѕирната чанта се става уште една мала торбичка во која ќе ти стојат работите. Ова е добра идеја за сите оние на кои им се омилени проѕирните чантички и кои сакаат да ги носат, но не сакаат секогаш на сите да им покажат што има во нив.
# Фустани кои изгледаат како свилени ноќници
Ова е уште еден од трендовите кој го следат Инстаграм инфлуенсерките и секоја девојка која ги следи модните трендови. Причината поради која ваквите фустани не се идеални за секој ден и реалниот живот е тоа што се исто како свилените одела и во истиот момент може да се изгужваат. Да не зборуваме дека ја нагласува секоја нерамнина на телото, како и дека е претешко да се најде идеална долна облека која ќе ја носите под ова.
# Проѕирни пластични чизми
Чизми кои се направени од проѕирна пластика изгледаат интересно и нешто што едноставната комбинација ќе ја направи помодерна. Меѓутоа, кога ќе ги облечеш и ќе решиш да ги носиш некаде ќе сфатиш колку се неудобни - освен што не можеш да облечеш никакви чорапи или хулахопки, мораш да внимаваш и дека тука се ноктите на нозете, кои секогаш мора да ти се средени. Не заборавај и дека пластиката брзо ќе се замагли и повеќе нема да изгледаш кул.
# Зимско палто
Уште едно модно парче на кое функционалноста му е сомнителна и не прави ништо добро за твојот изглед. Изгледа како јакна, но не е. Нема да те грее како јакна, а и поради тоа што нема никаков облик ќе направи телото да ти изгледа пошироко од тоа што е. Капутот секогаш е подобра опција.
# Високи чизми со отворени прсти
Освен доколку не си Ким Кардашијан или некоја друга позната личност која секаде оди со автомобил и која не мора да оди по улица за да стигне дома во излегувањето во град, ваквите чизми ќе немаат смисла. Кога надвор е ладно и ти се потребни чизми, сигурно нема да сакаш прстите да ти се надвор, бидејќи ќе се смрзнеш, а од друга страна, кога е топло и кога ќе ти биде океј прстите да ти се надвор, нозете ќе ти се сварат, бидејќи сепак носиш високи чизми.
# Едноделни купачи со многу врвки
Последни на листата се купачите кои имаат многу врвки по себе или имаат исечени делови насекаде. Едноделните купачи во последно време се многу модерни, а за да не изгледаат преобично, дизајнерите ги прават со многу врвки или исечени делови. Многу е веројатно дека ќе седиш на соце кога ќе одиш на одмор, а како би фатила боја во вакви купачи? Ќе ти останат чудни линиии и нема да изгледаш добро. Ваквите модни парчиња повеќе изгледаат убаво за фотографија или одење на забави на плажа или базен. За секојдневниот живот - сепак едно големо НЕ.
Извор: teen358.com